Плутократија (на грчки: πλουτος - богатство, κράτος - управување) или плутархија е форма на државно управување, при што одлуките на владата не се засноваат на мислењето на народот, туку од влијателен круг луѓе на високото општество, составен од богати луѓе. Ова создава длабоко социјално нееднаквост и ниска социјална подвижност. Во антиката во однос на Картагина, терминот е многу често користен. Денес терминот генерално се користи како пејоратив за да се опише непожелна состојба во државата.
Извори
Категорија:Општествени уредувања