Џони Хогерланд (; р. ) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2016 година.
Поради познатата тетоважа од бик на неговата рака и неговото потекло од полуостровот Зејд-Бевеланд го има добиено прекарот „Бикот од Бевеланд“. Има углед на агресивен возач, кој сака да учествува во долги бегства. Негова најголема победа е освојувањето на генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија во 2009, каде освоил една етапа.
Кариера
Во 2009, Хогерланд го освоил Три дена околу Западна Фландрија. Тој завршил на 12. место на Трката околу Фландрија и во генералниот пласман на Вуелта. Тој бил највисоко пласиран Холанѓанец во машката друмска трка на Светското првенство 2009, завршувајќи на 14. место.
На Тур де Франс 2011 Хогерланд ја носел планинската маичка на шестата етапа. Откако ја изгубил на осмата етапа, тој повторно успеал да ја поврати на деветтата етапа. Во истата етапа, тој потоа бил инволвиран во драматична несреќа заедно со возачот од тимот Тим Скај Хуан Антонио Флеча (со кого заедно бил во бегство), откако Флеча бил удрен од автомобилот на Француската телевизија, предизвикувајќи Хогерланд да заврши во бодликавата жичена ограда. И покрај длабоките исеченици на неговиот грб, добивајќи 33 шава, Хогерланд ја завршил етапа, губејќи скоро 17 минути како последица на несреќата. Заеднички на Флеча и Хогерланд им била доделена наградата за издржливост за тој ден.
На почетокот на февруари 2013, Хогерланд се судрил со автомобил додека тренирал во Шпанија, подготвувајќи се за Средоземната трка. Тој бил примен во болница и било објавено дека имал пет скршени ребра, проблеми со црниот дроб и скршен пршлен во неговиот ’рберт. Се верувало дека ќе ја пропушти целата сезона на класиците. На 23 јуни 2013 неочекувано го освоил државното првенство на Холандија.
Хогерланд му се приклучил на за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, , се распаднала на крајот на сезоната 2013.
Во август 2014 година, Хогерланд бил најавен како прв член на новата холандска професионална континентална екипа Ромпот Оранџ Сајклинг Тим, подготвена за настап во сезоната 2015.
Достигнувања
2001 1 јуниорска Трка околу Фландрија 2003 8. Краен пласман Трка Олимпија 2004 1. Етапа 2 Рубан Гранитие Бретон 2005 2. Париз-Рубе под 23 години 3. Брисел-Ингоигем 7. ГП Џеф Шеренс 8. Краен пласман Трка Олимпија 2006 10. Ронде ван Дренте 2007 2. Друвенкурс Оверејсе 8. Краен пласман Трка околу Словачка 1. Етапа 2 2008 1. Етапа 3 Класико Сиклистико Банфоандес 3. Краен пласман Трка Олимпија 3. Краен пласман Рингерика ГП 3. Друвенкурс Оверејсе 4. Краен пласман Тур де Бретања 4. Вламсе Пејл 4. Хел ван хет Мергеланд 5. Краен пласман Тур де Норманди 6. Краен пласман Трка околу Хокаидо 6. Ронде ван Дренте 7. Шал Селс-Мерксем 2009 1. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија 1. Етапа 1 4. Краен пласман Етоал де Бесеже 5. Гран при д’Увертур ла Марселеза 5. Џиро ди Ломбардија 8. Трка околу Франкфурт 12. Краен пласман Вуелта а Еспања 14. Светско друмско првенство UCI 2010 Трка околу Полска 1. 20п Планински пласман 1. 20п Бодовен пласман 2. Гран при д’Увертур ла Марселеза 3. Краен пласман Средоземна трка 4. Друвенкурс Оверејсе 5. Краен пласман Трка околу Британија 1. 20п Планински пласман 6. Хале-Ингоигем 2011 3. Краен пласман Етоал де Бесеже 4. Брабант Пејл Тур де Франс Ја носел точкестата маичка 20п на етапите 6-7 и 9-11 20п Етапа 9 2012 3. Друвенкурс Оверејсе 5. Краен пласман Тирено-Адријатико 7. Краен пласман Вуелта а Мурсија 8. ГП де Валони 8. Бинше-Турне-Бинше 9. Краен пласман Волта ао Алгарве 2013 1. 20п Национално друмско првенство 1. Амстел Курасао Рејс
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка2009201020112012201320142015201620п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——58——105——20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——7457101———20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта12———СО———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти