Аугусто Хосе Рамон Пиноче Угарте (), познат како Аугусто Пиноче ( — ) — чилеански генерал и диктатор кој ја презел власта со државниот удар од 11 септември 1973 година. Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1973-1998 година), претседател на владината хунта на Чиле (1973-1981 година) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година кога ја предал власта на демократски избраниот претседател Патрицио Ајлвин.

До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армија. На 23 август 1973 година бил унапреден во главен началник на началник на Генералштабот на Чилеанската армија од страна на претседателот Салвадор Аљенде. На 11 септември 1973 година, Пиноче го предводел државниот удар со кој биле соборени Аљенде и социјалистичката влада. Во декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловни сили на генералот Густаво Гусман не се согласувале со тоа Cavallo, Ascanio et al. La Historia Oculta del Régimen Militar, Grijalbo, Santiago, 1997..

Од самиот почеток, хунтата спроведувала остри мерки против своите политички противници . Според различни извештаи и истражувања околу 1.200-3.200 биле убиени, околу 80.000 биле интерниран и околу 30.000 луѓе биле измачувани од страна на неговиот режим, вклучувајќи жени и деца English translation of the Rettig Report2004 Commission on Torture (Valech Report) .

Под влијание либералните чилеанските економисти познати како The Chicago Boys, Пиночевиот режим започнал со спроведување на серија на економски реформи, стабилизација на валутата, тарифно кратење, отворање на пазарите на Чиле за глобалната трговија, приватизација на социјална сигурност, приватизацијата на стотици индустрии кои биле под контрола на државата. Овие политики довеле до т.н Чилеанско економско чудо. Економските политики на Пиноче се продожени и засилени од владите кои го наследиле по возобновувањето на демократијата во 1990 година, Чиле денес има најстабилна економија во Латинска Америка, иако некои од експертите го оспоруваат наследство од реформите на Пиноче Thomas M. Leonard. Encyclopedia Of The Developing World. Routledge. ISBN 1579583881 p. 322.

Пиночевиот режим добил законска основа преку контроверзниот плебисцит од 1980 година, кога бил донесен нов Устав изготвен од страна на владина комисија. Плебисцитот од 1988 година (во кој 56% гласови биле против продолжување на Пиночевата власт), доведоа до демократски избори за претседател и Парламентот. По мирното повлекување од чело на државата во 1990 година, Пиноче продолжил да ја извршува должноста началник на Генералштабот на Чилеанската армија до 10 март 1998 година, кога станал доживотен сенатор, според устaвот од 1980 година донесен од неговиот режим.

Во 2004 година, чилеански судија Хуан Гусман Тапија пресудил дека Пиноче е здравствено способен да одговара пред суди и го сместил во домашен притвор . По Пиночевата смрт, 10 декември 2006 година, во Чиле сè уште се водат околу 300 кривични пријави против него, за бројни прекршувања на човековите права, даночно затајување и проневера за време на неговото 17 годишно владеење и потоа . Пиноче беше обвинет за коруптивно стекнување на богатство од висина од 28.000.000 $ или повеќе Larry Rohter, Colonel's Death Gives Clues to Pinochet Arms Deals, The New York Times, 19 June 2006 . Потекло и образование Пиноче е роден во Валпараисо. Неговиот татко Аугусто Пиноче Вера бил потомок на бретонски имигранти, а неговата мајка Авелина Угарте Мартинес имала баскиско потекло . Се образувал во Богословијата Сан Рафаел во Валпараисо, Институтот Рафаел Аритзија во Куљота, Школата Француски Отци во Валпараисо, а во 1931 година се запишал при военото училиште во Сантјаго. Во 1935 година, по четири години на студии, дипломирал со ранг на alférez потпоручник во пешадијата. Воена кариера мини|лево|150п|Аугусто Пиноче (околу 1933 г.)мини|десно|300п|Пиноче на воена обука во 1934 година Во септември 1937 година, Пиноче бил назначен во "Chacabuco" полкот, во Консепсион. Две години подоцна, во 1939 година, бил унапреден во подполковник и бил преместен во "Maipo" полкот, при воениот гранизонот во Валпараисо. Се вратил во пешадиското училиште во 1940 година. На 30 јануари 1943 година, тој се оженил Лусија Хириарт Родригес, со која имал пет деца: Инес Лусија, Марија Вероника, Жаклин Мари, Аугусто Освалдо, и Марко Антонио.

Кон крајот на 1945 година, Пиноче бил назначен во "Carampangue" полкот во северниот град Икике. Три години подоцна, се запишал во Воената академија, меѓутоа морал да ги одложи своите студии, бидејќи, како најмлад офицер, морал да изврши мисија во јагленската област Лота. Следната година ги продолжил студии во Академијата, по добивањето на чинот офицер началник на Генералштабот, во 1951 година, се вратил да предава во воено училиште. Истовремено работел како помошник на помошниците на Академијата, предавајќи воена географија и геополитика. Бил активен како уредник на списанието Cien Águilas ("Сто орли"). На почетокот на 1953 година, со ранг мајор, бил испратен во полкот "Rancagua" во Арика. Додека е таму, бил назначен за професор на Воената академија, и се вратил во Сантјаго да ја преземе новате позиција .

Во 1956 година, Пиноче и група на млади офицери биле избрани да формираат воена мисија која требало да соработува со Воената академија на Еквадор во Кито. Останал во Кито три и пол години и се посветил на проучување на геополитиката, воена географија и разузунување. Кон крајот на 1959 година се вратил во Чиле и бил назначен во Главниот штаб на 1-та армиска дивизија со седиште во Антофагаста. Следната година, бил назначен за командант на полкот "Esmeralda".

Поради постигнатиот успех, бил назначен за заменик директор на Воената академија во 1963 година. Во 1968 година, бил именуван за началникот на штабот на 2-та армиска дивизија, со седиште во Сантјаго, кон крајот на таа година, бил унапреден во бригаден генерал и врховен командант на 6 - та дивизија. Исто така бил назначен за гувернер на провинцијата Тарапака. Во јануари 1971 година, Пиноче бил унапреден во генерал на дивизија и е назначен за главен командант на воениот гарнизон Сантјаго. Во почетокот на 1972 година, бил назначен за општ началникот на Генералштабот на Чилеанската армија. По зголемените турбуленции во Чиле, генералот Пратс поднел оставка на неговата позиција и Пиноче бил назначен за Главен Командант на Армијата на 23 август 1973 година од страна на претседателот Салвадор Аљенде. Помалку од еден месец подоцна, Аљенде бил соборен.

Воен удар Чилеански државен удар од 1973 година

мини|лево|150п|Салвадор Аљендемини|десно|300п|Бомбардирање на палатата La Moneda На 11 септември 1973 година на чилеанските вооружените сили (пешадијата, морнарицата, воздушни сили и карбиењерите) ја собориле владата Салвадор Аљенде со државен удар. Претседателската палата La Moneda била бомбардирана, а Аљенде извршил самоубиство .

Во своите мемоари Пиноче, дека тој бил водечкиот заговорник на државниот удар и ја искористил својата позиција, главен началник на Генералштабот, за да ги координираа акциите со другите две гранки на војската и националната полиција. Новата влада затворила илјадници луѓе во националниот стадион Julio Martínez Prádanos, каде што многумина биле убиени, со што започнала бруталната репресија која траела со децении .

Во месеците, што следувале по државниот удар, Хунта, објавила книга под наслов El Libro Blanco del cambio de gobierno en Chile, попозната како El Libro Blanco, подготвена од историчарот Гонсало Флакон и адмиралот Патрицио Карвајал.

Целта на оваа книга е да се оправда државниот удар, со аргументи дека воените офицери дејствувале за да го спречат наводниот обид за државен удар од страна на соборениот Аљенде и неговите приврзаници. Разузнавачките агенции на САД верувеле дека таквите информации се неточни и претставуваат пропаганда El fin de un mito en Chile: el Plan Zeta , Clarín, 5 July 1999 . Меѓутоа, иако таквите тврдења се оценети како политичка пропаганда Comisión Nacional sobre Prisión Política y Tortura CAPÍTULO III Contexto., некои чилеански историчари укажуваат дека приврзаниците на Аљенде имале план за паравоено дејсвување , надвор рамките на уставот. Канадскиот новинар Жан Карпентиер од Télévision de Radio-Canada, бил првиот странски новинар кој го интервјуирал Пиниче по државниот удар .

Интервенција на САД во Чиле

Соединетите Американски Држави ослободиле финансики и материјални средства за воениот режим по државниот удар, иако тоа било критикувано од јавност. Според еден документ издаден од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во 2000 година, насловен како "Активности на ЦИА во Чиле", открива, дека ЦИА активно ја поддржувала воената хунта по соборувањето на Аљенде, а многу офицери на Пиноче се наоѓале на платените списоци на ЦИА или американската војска, иако за некои од нив постоеле иформации дека биле вклучени во кршењето на човековите права .

ЦИА одржувала контакти со чилеанската разузнавачка служба ДИНА, а нејзините водачи, под директна команда на Пиноче, предводеле мултинационална "антикомунистичка кампањата" позната како операција Кондор, во текот на која биле извршени повеќе атентати врз истакнати лево настроени политичари и активисти во различни земји во Латинска Америка, Вашингтон и Европа.

Веднаш по државниот удар, ЦИА воспоставила контакт Мануел Контрарас директорот на ДИНА, пред официјалниот трансфер на претседателските овластувања за Пиноче. Во 1975 година, ЦИА ги разгледала предупредувањата дека исползувањето на Контрарас може да предизвика проблеми околу одржувањето на човековите права во регионот, меѓутоа сепак решиле да го користат во иднина, а во еден период тој се нашол на нивниот платен список.

Воена хунта Дејност мини|десно|300п|Пиноче со офицерите, по државниот удар Веднаш по државниот удар била формирана воена хунта. Во неа влегле Пиноче како претставник на армијата, Хосе Торибио Мерино Кастро претставник на морнарицата, Густаво Гусман претставник на воздухопловните сили и Цезар Мендоса претставник на карбињерите (националната полиција).

Хунтата во свои раце ги презела извршните и законодавните функции на Владата, а биле суспендирани Уставот и Конгресот. Хунтата вовела строга цензура и биле забранети сите политички партии со што замрела сета политичка активност во Чиле.

Веднаш по државниот удар, хунтата започнала да се пресметува со своите левичарски противници. Околу 3 000 биле убиени, околу 27 000 луѓе биле затворени Постојат многу случаи на тортура. Некои левичарски организации за човекови права велат дека повеќе од 200.000 беа уапсени и малтретирани, но не постои доказ за поддршка на тој број. Извештајот Valech (објавен во ноември 2004 година) му кажува на некои 28.000 апсења во кој поголемиот дел од уапсените биле измачувани., а врз голем број била извршена тортура. Многумина биле протерани надвор од државата, меѓутоа политичките бегалци биле следени од тајна полиција ДИНА.

Воената хунта ја држела во свои раце извршната власт сè до 17 декември 1974 година, по што станало исклучиво законодавно тело, а извршната власт била пренесена на Пиноче кој ја зазел функцијата претседател.

Членови мини|десно|300п|Првобитните членови на Воената хунта. Од десно кон лево:Густаво Гусман, Пиноче, Хосе Торибио Мерино Кастро и Цезар Мендоса Дуран Ја претставуваат Име Ја презеде функцијата Ја напушти функцијатаАрмија Аугусто Пиноче11 септември 197311 март 1981Цезар Бенавидеос Ескобар11 март 198111 март 1983Јулијо Канеса Робертс 11 март 198311 март 1985Хумберто Гордон Рубијо11 март 198511 март 1987Сантјаго Синклер Ојанедел11 март 198711 март 1989Лукар Фигуера 11 март 198911 март 1990 МорнарицаХосе Торибио Мерино Кастро 11 септември 1973 8 март 1990Хорхе Мартинес Буш8 март 199011 март 1990АвијацијаГуставо Гусман11 септември 197324 јули 1978Фернандо Матеј Аубел 24 јули 197811 март 1990КарбиењериЦезар Мендоса Дуран11 септември 19732 август 1985Родолфо Станге Оелкерс 2 август 198511 март 1990

Чиле под Пиноче

Зацврстување на власта