Малачки Проток (, ) — тесна водна површина долга 805 км која се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот Султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве: На запад. Линија од Педропунт (најсеверната точка на Суматра, ) и Лем Воалан (јужниот крај на островот Пукет во Сијам [Тајланд], ). <p>На исток. Линија од ’ртот Танџинг Пиај (Булус) (јужниот крај на Малајскиот Полуостров, ) и Браќата (), а оттаму до Клајн Каримун (). <p>На север. Југозападниот брег на Малајскиот Полуостров. <p>На југ. Североисточниот брег на Суматра на исток сè до Танџонг Кедабу (), а оттаму до Клајн Каримун.
Стопанска важност Од стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот.
Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 94.000Aljazeera.net бродови,Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.. A book review citing this information can be found at University of Toronto Quarterly, Volume 74, Number 1, Winter 2004/5, стр. 528-530
Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезувале 15 милиони барели дневно (2.400.000 м3/ден).Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД
Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток.
Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 морски милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.Тесни грла во светскиот превоз на нафта
Поврзано Малака (град) Малачки Султанат Молучко Море Молучки Острови
Наводи
Надворешни врски
Центар за истражување и развој на Мачачкиот Проток Стратешката важност на Малачкиот проток за светската трговија и регионалниот развој
Категорија:Протоци во Индонезија Категорија:Протоци во Малезија Категорија:Меѓународни протоци