Пештерница — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри.
Историја
Стопанство
Население
За време на Османлиското Царство во селото се населиле Турци - Јуруци, кои во минатото заедно со другите јуручки села од Тиквешијата, ја формирале тиквешката јуручка оаза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештерница живееле 110 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.
Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати.
Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови Пештерница било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Староседелци: Бајрамчевци (5 к.), Беќировци (2 к.) и Халимовци (2 к.) мешајќи се со Турците Јуруци го научиле турскиот јазик. Доселеници: Беќировци (1 к.) доселени биле околу 1860 година од Неготино; Аметлер (1 к.) доселени биле околу 1870 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци; Вејселер (1 к.) и Еминлар (1 к.) доселени биле во 1900 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. на селото Пепелиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Во близина на селото постоеле селата Горни и Долни Промет кои биле уништени, а 20 семејства се иселиле во Турција.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Неготински села Категорија:Села во Општина Неготино
Категорија:Раселени села во Македонија