Аристовул Британски е христијански светец и еден од седумдесетте апостоли.
Бил брат на Апостол Варнава, и е роден на Кипар. Му последувал на апостол Павле, кој и го споменува во Посланието до Римјаните (16:10). Кога апостол Павле поставувал многу епископи за разни краеви на светот, тогаш го поставил и Аристовул за епископ Британски.
Според христијанската традиција, во Британија имало диви народи, неверни и опаки, и Аристовул претрпел меѓу нив неопишливи маки, беди и пакости. Го удирале без милост, го влечеле по улици, му се ругале и му се потсмевале. Но на крајот овој свет маж дошол до успех со силата на благодатта Божја. Ги просветил народите, ги крстил во името на Христа Господа, изградил цркви, свештеници и ѓакони посветил„Охридски пролог“ стр. 110.
Православната црква неговиот ден го чествува на 16 март.
Наводи
Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Кипарски светци Категорија:Римокатолички светци од Кипар Категорија:Англиски светци Категорија:Римокатолички светци од Англија Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Следбеници на Исус Христос Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Православни светци Категорија:Римокатолички светци Категорија:Родени во непозната година