Врапчиште — село во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар, во северозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5 километри северно од Гостивар.
Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и било едно од најголемите села во полошката област со 240 христијански семејства, 17 неженети христијани и 2 вдовици христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 404
Во век, Врапчиште било село во Полошката нахија во рамките на Гостиварската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 13 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врапчиште живееле 1.865 жители, од кои 1.300 Турци, 350 Македонци, 165 Албанци и 50 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Врапчиште е центар на Галтска општина во Горнополошкиот срез и има 394 куќи со 2.120 жители Македонци, Турци, Албанци и Роми.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 2.000 Турци, 250 Македонци и 50 Албанци.
Врапчиште е најголемо село, коешто во 1961 година имало 3.420 жители, а во 1994 година 5.015 жители, од кои 191 биле Македонци, 1.743 Албанци, 3.072 Турци, 1 Србин и 8 други.
Според пописот од 2002, Врапчиште има 4.874 жители и претставува едно од најголемите села во Гостиварско и Полог.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.003 жители, од кои 118 Македонци, 912 Албанци, 2.765 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 203 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————2.98819533432.0799195—3—19—3.36819612891.0232.096——2—10—3.42019712412.0751.683——3—45—4.04719812261.8332.822————111—4.99219912053482.998————23—3.57419941911.7433.072——1—8—5.01520021721.7772.899————26—4.87420211189122.765——1132034.003 Родови
Врапчиште е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
Самарџиовци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (таму се викаат Манојлоски) и во Бугарија (седум семејства). Таргаџовци (4 к.), Брбушевци (6 к.), Лјчковци (2 к.), Суслаковци (6 к.), Серафилоски (1 к.) и Мишмировци (8 к.) и тие се староседелци. Пупевци (2 к.) доселени се однекаде. Кљункаровци (2 к.) доселени се од селото Тумчевиште. Основачот на родот се викал Апостол.
Православни Роми
Стрезоски (3 к.) тие се стар селски род. Зборуваат македонски. Брачни врски одржувале со православните Роми од Тетово, и со Македонците. Последно зеле некоја Македонка од Железна Река. Имаат заеднички гробишта со Македонците. За родот Стрезовци се слуша и името Ефремовци, по некој помлад предок.
Турски
Чапраз (3 к.) најстар муслимански род во селото. Доселени се одамна од Мала Азија. Фис (4 к.) исто како и претходниот род. Спахија (30 к.) исто како и претходните родови. Со родот Фис потекнуваат од ист предок. Оџалари (8 к.) доселени се од околината на Видин во Бугарија. Подалечно потекло од Турција. Кара Батака (32 к.) доселени се од некое место во Бугарија. Подалечно потекло од Мала Азија. Врањко (16 к.) доселени се во 1878 година од Врање во Србија. Право потекло од Мала Азија. Мула Алил (17 к.) од турско потекло се. Вејис (32 к.) доселени се од Дебарско. Кара Хасан (11 к.) доселени се од Дебарско. Челик (14 к.)од турско потекло се. Печелари (8 к.) доселени се од Дебарско.
Албански
Коколари (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија. Овде живеат од XVIII век. Аључи (12 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија. Љуш (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија. Лика Јаз (32 к.) доселени се од Чаје или Церане во Љума/Калиса, северна Албанија. Оџолари (4 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Штин (11 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија. Салко (11 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Будин (7 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија Шеховци (7 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија. Топал (2 к.) доселени се од селото Беловиште. А таму од северна Албанија. Партал (22 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Гоголари (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
Муслимански Роми
Тосум (8 к.) зборуваат турски и ромски. Овде живеат од турско време. Брачни врски склопуваат со Ромите од Тетово и Гостивар.
Општествени установи „Пранвера - Бахар - Пролет“ — детска градинка; ОУ „ВРАПЧИШТЕ“ — основно училиште; СУ „Панче Попоски“ — средно училиште;
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 455, 455/1, 456, 456/1, 457, 457/1, 458, 458/1, 459 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.738 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Брца — некропола од доцноантичко време; Градиште — населба од доцна антика; Тумба — некропола од средниот век; Ограда — населба и некропола од доцноантичко време; Топлишница — населба и некропола од доцноантичко време;
Цркви Црква „Св. Димитриј“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото. Околу неа се старите гробишта; Црква „Св. Илија“ — манастирска црква. Се наоѓа на падините на Шар Планина Црква „Св. Петка“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото; Црква „Св. Атанасиј“ - изградена е во 1918 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
Џамии Стара Џамија - Ески Џами Нова Џамија - Јени Џами Хаџи Ахмет Џамија
Редовни настани
Личности Мохамед Аручи - македонски и турски теолог; Кенан Хасипи (р. 1955) - македонски политичар, пратеник и претседател на ДПТМ; Јаничие Димитриевиќ (14 септември 1879/1880 - 17 декември 1946) - лекар, пратеник, конзул; Меваип Ефенди Сипахи (теолог,муфтија) Јусуф Хасани (македонски политичар и пратеник од ДПТМ) Јусуф Хамзаоглу (професор по историја при УКИМ) Ќемал Ефенди Аручи (теолог) Сали Мурати ( уставен судија и претседател на Уставниот суд на РСМ) Назим Ибрахим ( редовен универзитетски професор по турски јазик и книжевност при УКИМ) Илами Халими ( македонски фудбалер ) Ќераметтин Шар (познат турски интернист - Аџибадем - Истанбул) Мехмет Зеки Ибрахимгил ( професор при универзитетот Гази во Анкара - Факултет за литература, отсек историја на уметност) Галип Велиу ( универзитетски професор по филозофија)
Култура и спорт ФК ВРАПЧИШТЕ - Во 2012 година се одржа проектот"Спортот за заедништво,толеранција и сплотување". Од 1958 година постои фудбалскиот клуб Врапчиште кој во сезоната 2017/18 испадна од третата лига Запад.
Културно уметничко друштво "Јунус Емре" - Врапчиште
Иселеништво Од селото се има селено турското население. Иселени се околу 30 семејства во Турција до 1951 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште *