мини|300п|Сообраќајна карта на Бугарија.
Љулин () е автопат во Бугарија, кој ги поврзува главниот град Софија со Перник со патниот јазол Даскалово, каде се поврзува со автопатот Струма. Должината на автопатот „Љулин“ е 19.135 километри.Автомагистрала „Люлин” в Агенция „Пътна инфраструктура”.
Вкупната вредност на проектот за изградбата на автопатот била 185 милиони евра, од кои 135 милиони евра се грант од програмата ИСПА. Високата цена на автопатот се објаснува со нерамниот терен низ кој минува патот, каде има многу мостови и тунели. Автопатот е дел од патот Е79 и европските транспортни коридори IV и VIII.
Трасата на автопатот има три тунела со вкупна должина од 1260 метри, 26 мостови и вијадукт со вкупна должина од 6 километри, 3 сообраќајни јазли и ѕидови со должина од над 2762 метри . Проектната брзина за движење по автопатот е 100-110 километри на час.
Наводи
Поврзано Бугарија Сообраќај во Бугарија
Категорија:Автопатишта во Бугарија