Џиро д’Италија 2012 било 95. издание на Џиро д’Италија. Оваа година започнала во данскиот град Хернинг, а завршила во Милано. Целосната рута на Џиро д’Италија 2012 била објавена во средината на октомври. По првпат од изданието во 2007 немало да има планински хронометар. Бојата на маичката за планинскиот пласман била променета за овогодишното издание од зелена во сина. Потегот дошол, како знак на добра волја за спонзорот Банка Медиоланум, која ја продолжила соработката со Џиро во делот на планинскиот пласман во наредните четири години.

Трката била освоена од канадскиот велосипедист Рајдер Хесједал од , станувајќи прв возач од неговата држава, кој освоил Гранд Тур трка; тој исто така станал само втор возач, кој ја презел водечката маичка од друг возач на последниот ден, по Франческо Мозер во 1984. Хесједал го освоил генералниот пласман со 16 секунди пред неговиот соперник Хоаким Родригес од Шпанија, претставувајќи ја – најблиска разлика помеѓу победникот и вицешампион откога Еди Меркс го победил Џанбатиста Барончели за 12 секунди во изданието од 1974 – кој исто така освоил две етапи и бодовниот пласман, победувајќи го спринтерот од Марк Кевендиш за еден бод. Третото место му припаднало на возачот на Томас де Гент од Белгија, откако се покажал особено силен на последните две етапи на трки; ја освоил кралската етапа на трката, завршувајќи на највисоката точка на рутата, на Пасо дело Стелвио и исто така завршил во првите пет на хронометарот. Со тоа, тој добил значително време да се помести од деветтото на третото место на овие етапи, станувајќи првиот белгиски возач, кој зазел подиум на Гранд Тур по Јохан Брујнел, кој завршил трет на Вуелта а Еспања 1995.

Во другите пласмани на трката, возачот на Ригоберто Уран од Колумбија, завршил како најдобар возач со возраст 25 или помалку во пласманот за млад возач, завршувајќи како седми во крајниот пласман; планинскиот пласман бил освоен од Италијанецот Матео Работини од екипата , постигнувајќи речиси двојно повеќе бодови од најблискиот конкурент во пласманот. Работини бил единствениот Италијанец, кој се искачил на подиум, бидејќи по првпат од 1995, ниеден италијански возач на завршил во првите тројца во генералниот пласман, па така возачот на Микеле Скарпони – шампионот од минатата година – успеал да го заземе само четвртото место.

Фаворити пред почетокот

Победникот од 2011 Алберто Контадор добил двегодишна суспензија на 6 февруари за допинг во текот на Тур де Франс 2010 и затоа нема да учествува на Џиро. Иван Басо, победник на Џиро во 2006 и 2010, објавил на 13 ноември 2011, дека ќе цели кон трета розова маичка. Во интервју, холандскиот специјалист за искачување Роберт Гесинк изјавил дека сака да вози на Џиро 2012, како подготовка за Тур де Франс.

Јохан Брујнел, менаџер на новата споена екипа помеѓу Леопард-Трек и Тим Радиошек, изјавил дека ќе биде тешко за трикратниот вицешампион Енди Шлек и неговиот брат Френк Шлек за победа на Тур де Франс 2012, поради недостигот на поминати километри. Затоа, можно е еден од браќата да цели кон Џиро д’Италија. На 19 ноември 2011, Френк првично објавил дека браќата Шлек нема да настапат на Џиро и дека ќе се насочат кон Тур де Франс, и покрај многуте хронометри. На крај, на 29 април 2012, било објавено дека Френк Шлек ќе го замени повредениот Јакоб Фуглсанг, како екипен водач на трката.

На 17 април, Микеле Скарпони, победник на изданието во 2011 по суспензијата на Контадор, објавил дека сака да го освои Џиро преку етапите, а не со суспензија на друг возач. Скарпони ќе соработува со неговиот колега и победникот на Џиро д’Италија 2004, Дамијано Кунего. Кунего ќе цели кон висок пласман на Џиро и ќе го избегне Тур де Франс 2012, поради големиот број на хронометри.

Други возачи кои се сметаат како главни кандидати за освојувачи на генералниот пласман се Џон Гадре од Аг2р Ла Мондијал (трет во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011), победникот на пласманот за млад возач во 2011 Роман Кројцигер од Астана, Хоаким Родригес од Катјуша (четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011) и венецуелскиот специјалист за искачување Хосе Рухано од екипата Андрони Џокатоли.

Екипи

thumb|Екипна презентација на Џиро д’Италија 2012 во Хернинг.

Сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да учествуваат. Дополнителни четири континентални екипи биле повикани во јануари 2012, Целосниот список на екипи, кои учествуваат е:

Рута и етапи

Првите три етапи биле најавени на 5 октомври 2011, додека преостанатите биле објавени на 16 октомври.2012 Крајот на Џиро д’Италија во Милано На 18 април 2012, било објавено дека текот на етапата 12, Серавеца до Сестри Леванте ќе биде изменет, поради лизгање на земјиштето на крајбрежниот пат низ Синке Тере, кој останал неупотреблив од 25 октомври минатата година. Новото растојание на етапата ќе биде 155 километри.

Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник 1 5 мај Хернинг 8,7 км 20px|link= поединечен хронометар 2 6 мај Хернинг до Хернинг 206 км 22px рамна етапа 3 7 мај Хорсенс до Хорсенс 190 км 22px рамна етапа 8 мај ден за одмор 4 9 мај Верона 32,2 км 20px|link= екипен хронометар 5 10 мај Модена до Фано 199 км 22px рамна етапа 6 11 мај Урбино до Порто Сант’Елпидио 207 км 22px умерено планинска 7 12 мај Реканати до Рока ди Камбио 202 км 22px умерено планинска 8 13 мај Сулмона до Лаго Лачено 229 км 22px умерено планинска 9 14 мај Сан Џорџо дел Санио до Фрозиноне 171 км 22px рамна етапа 10 15 мај Чивитавекија до Асизи 187 км 22px умерено планинска 11 16 мај Асизи до Монтечатини Терме 243 км 22px рамна етапа 12 17 мај Серавеца до Сестри Леванте 155 км 22px умерено планинска 13 18 мај Савона до Червере 121 км 22px рамна етапа 14 19 мај Чераско до Червинија 205 км 22px планинска етапа 15 20 мај Бусто Арзицио до Леко-Пијан деи Резинели 172 км 22px планинска етапа 21 мај ден за одмор 16 22 мај Лимоне сул Гарда до Фалцес-Пфалцен 174 км 22px умерено планинска 17 23 мај Фалцес-Пфалцен до Кортина Дампецо 187 км 22px планинска етапа 18 24 мај Сан Вито ди Кадоре до Веделаго 139 км 22px рамна етапа 19 25 мај Тревизо до Алпе ди Пампеаго 197 км 22px планинска етапа 20 26 мај Калдес-Вал ди Соле до Пасо дело Стелвио 218 км 22px планинска етапа 21 27 мај Милано 28,2 км 20px|link= поединечен хронометар

Пласмани

На Џиро д’Италија 2012 биле наградувани четири различни маички. За генералниот пласман се пресметувале завршните времиња на секој возач по секоја етапа и одредени бонус секунди на првите тројца возачи на крајот на етапата на сите етапи, освен хронометрите и оние кои завршувале на планини. Во овој пласман се носела розовата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Џиро д’Италија и победникот бил сметан како победник на целокупната трка.

Дополнително, постоел и бодовниот пласман, на кој се доделувала црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови, доколку завршеле во првите 15 возачи на крајот на етапата. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата немала никаков ефект во бројот на бодовите - секоја етапа имала еднаков расположлив број на бодови. Победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку за секое место понатаму, сè до последниот еден бод за 15. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средните спринтови.

Исто така, постоел и планински пласман, водството во овој пласман било одбележано со сината маичка. Маичката била зелена откако започнала да се доделува, но со промената на спонзорот, бојата на маичката се променила во сина. Во планинскиот пласман, бодовите се добивале со доаѓањето меѓу првите возачи на некое искачување. Секое искачување било различно категоризирано; имало вкупно четири категории на искачувања. Чима Копи, највисоката точка на трката, носел повеќе бодови од другите искачувања од прва категорија.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, одбележана со белата боја. Овој пласман се пресметува како генералниот пласман, но учествуваат само возачи кои биле родени по 1 јануари 1986.

Исто така, постоеле и два пласмани за екипите. Во Трофејот Брза Екипа, се пресметувале времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време; Трофејот Супер Екипа бил екипниот бодовен пласман, со најдобрите 20 најдобро пласирани возачи на секоја етапа по бројот на бодови (20 за првото место, 19 за второто, итн., сè до последниот еден бод за 20.) за нивната екипа.

Колоните во следната табела се однесуваат на маичките, кои се доделувани по завршувањето на етапата.

Етапа ПобедникГенерален пласман25px|link=|alt=Бодовен пласман25px|link=|alt=Планински пласман25px|link=|alt=Пласман за млад возач25px|link=|alt=Трофеј Брза ЕкипаТрофеј Супер Екипа 1 Тејлор Фини Тејлор Фини Тејлор Фини недоделена Тејлор Фини 2 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Алфредо Балони 3 Метју Гос Метју Гос 4 Рамунас Навардаускас Рамунас Навардаускас 5 Марк Кевендиш 6 Мигел Анхел Рубијано Адријано Малори Мигел Анхел Рубијано Адријано Малори 7 Паоло Тиралонго Рајдер Хесједал Питер Стетина 8 Доменико Поцовиво Дамијано Карузо 9 Франсиско Вентосо 10 Хоаким Родригес Хоаким Родригес 11 Роберто Ферари Марк Кевендиш 12 Ларс Бак Михал Голаш 13 Марк Кевендиш 14 Андреј Амадор Рајдер Хесједал Ригоберто Уран 15 Матео Работини Хоаким Родригес Матео Работини Серхио Енао 16 Јон Изагире 17 Хоаким Родригес Ригоберто Уран 18 Андреја Гвардини 19 Роман Кројцигер 20 Томас де Гент Хоаким Родригес 21 Марко Пиноти Рајдер Хесједал На крај Рајдер Хесједал ! style="background:red;"| Хоаким Родригес! style="background:blue;"| Матео Работини! style="background:offwhite;"| Ригоберто Уран! style="background:yellow;"| ! style="background:orange;"| '''

Поредок

Легенда   20px|alt=A pink jersey   Го означува предводникот во генералникот пласман   20px|alt=A blue jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20px|alt=A red jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20px|alt=A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач

Генерален пласман

ВозачЕкипаВреме 1 20px|Pink jersey 2 20px| + 16" 3 + 1' 39" 4 + 2' 05" 5 + 3' 44" 6 + 4' 40" 7 20px|White jersey + 5' 57" 8 + 6' 28" 9 + 7' 50" 10 + 8' 08"

Бодовен пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20px 20px| 139 2 138 3 113 4 81 5 80 6 76 7 58 8 58 9 53 10 52

Планински пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20px 84 2 44 3 43 4 34 5 26 6 24 7 24 8 24 9 20px 20px| 23 10 21

Пласман за млад возач

ВозачЕкипаВреме 1 20px|White jersey 2 + 1' 53″3 + 8' 23″4 + 31' 20″5 + 43' 48″6 + 44' 52″7 + 48' 28″8 + 51' 27″9 + 1h 35' 00″10 + 1ч 42' 57″

Трофеј Брза Екипа

МестоЕкипаВреме1 274ч 19′ 46″2 + 10' 53″3 + 37' 07″4 + 43' 12″5 + 51' 52"6 + 54' 09″7 + 56' 27″8 + 1ч 10' 25″9 + 1ч 22' 12″10 + 1ч 30' 51″

Трофеј Супер Екипа

МестоЕкипаБодови1 3632345330142535244623972348221921210197

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Џиро д’Италија Категорија:2012 во Италија Категорија:Светска турнеја на UCI 2012