Гран Чако (шпански: Gran Chaco, кечуански: chaku) — регион во Јужна Америка кој е слабо населен. Гран Чако е топла и полусува низина која е дел од речниот басен на Рио де ла Плата. Гран Чако административно е поделен меѓу Боливија, Парагвај, Аргентина и мал дел со Бразил. Името е од кечуанско потекло и значи „ловиште“.

Географија

Гран Чако има вкупна површина од 647.500 км2, но оваа бројка варира од извор до извор. Регионот се наоѓа западно од реката Парагвај и источно од Андите. Историски регионот бил поделен на три дела: Чако Аустрал или „Јужно Чако“, Чако Сентрал или „Централно Чако“ и Чако Бореал или „Северно Чако“. Јужно Чако се наоѓа на аргентинска територија и се спојува со регионот Пампа, Централно Чако се наоѓа меѓу Бермехо и реката Пилкомајо и Северно Чако се наоѓа од реката Пилкомајо до бразилскиот регион Пантенал. Денес регионот често се дели според политичката поделна на регионот, па така има Боливиско Чако, Аргентинско Чако и Парагвајско Чако.

Администратвна поделба На територијата на Гран Чако се наоѓаат следните административни единици од четири различни држави:

Чако (покраина), Аргентина Формоса (покраина), Аргентина Салта (покраина), Аргентина Санта Фе (покраина), Аргентина Сантјаго дел Естеро (покраина), Аргентина Тукуман (покраина), Аргентина Департман Бени, Боливија Департман Чукисака, Боливија Департман Санта Крус, Боливија Департман Тариха, Боливија Јужно Мато Гросо, Бразил Алто Парагвај (департман), Парагвај Бокерон (департман), Парагвај Пресиденте Ајес (департман), Парагвај

Поврзано Јужна Америка Боливија Географија на Боливија Парагвај Аргентина Војна за Чако

Надворешни врски

Национален природонаучен музеј: Гран Чако Екорегион Гран Чако Food and Agriculture Опис на ООН за Гран Чако Слики за Гран Чако во Парагвај

Категорија:Гран Чако Категорија:Поделени региони