Дебелн () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Торгау-Ошац, Риза-Гросенхајн, Мајсен, Митвајда и Мулдентал.
Историја
Регионот бил првично населен од лужичките племиња. Во раниот среден век, се населиле Даленмиците долж реката Мулде. Тие биле протерани од Германците по Битката кај Јана во 928 година.
Денешните граници на округот биле воспоставени во 1952 година, кога владата на Источна Германија создала нови окрузи. Дебелн е еден од неколкуте окрузи, кои не биле менувани по повторното обединување на Германија. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле припоени во новиот округ Средна Саксонија.
Географија
Округот се наоѓал на бреговите на Фрајбергер Мулде во триаголник помеѓу градовите Дрезден, Лајпциг и Кемниц.
Грб
Грб|123пЛавот е хералдичко животно на Саксонија. Зелената и белата се боите на знамето на Саксонија. Штитот на десната страна го прикажува грбот на градот Дебелн.
Градови и општини
ГрадовиОпштини Дебелн Харта Лајсниг Росвајн Валдхајм Бокелвиц Еберсбах Гросвајчен Мохау Нидерштригис Острау Цигра-Кнобелсдорф Чајц-Отевиг
Надворешни врски Официјална страница (германски)