мини|десно|180п|Лого на сојузот

Сојузот на композиторите на Македонија или скратено СОКОМ претставува највисока организација која ги обединува македонските композитори. Основан е на 19 јануари 1947 година од страна на основоположниците на македонското современо музичко творештво, Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Славко Костовски (секретар), Васил Ќортошев (касиер), Живко Фирфов (член), Драган Ѓаконовски - Шпато (член), Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев и во просториите на тогашното Радио Скопје под името Друштво на музичарите на Македонија. Цел на ова друштво била организирано издигнување на македонската музичка култура. Од 2017 година директор е Јане Коџабашија.

Награди Ова се наградите кои ги доделува СОКОМ: „Трајко Прокопиев“ — награда за животно дело; „Панче Пешев“ — наградата за најдобро премиерно изведено дело од македонски автор во претходната година; „Георги Божиков — наградата за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година на ансамбли или музички уметници; „Виртуози“ — награда за најуспешни музички и балетски уметници (се доделува од 2012)

Наводи

Надворешни врски Официјална страница Официјална група на Facebook

Категорија:Здруженија на граѓани и фондации во Македонија