Вознесение Христово (нарекувана и како Свети Спас) — главна селска црква, во поречкото село Требовље. Во минатото била седиште на Требовската парохија, која денес не постои.

Црквата е сместена во самото село. Во самиот двор на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Црквата била подигната во 1892 година. Градена е од камен и бигор.

Според написот над влезната врата во црквата, станува збор за подарок на Трпко Милетиќ со својата фамилија на 8 јуни 1915 година.

Галерија

Поврзано Требовље Дебарско-кичевска епархија Бродско архијерејско намесништво Манастиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Требовље Требовље