Бурни времиња (турски: Öyle bır geçer zaman kı ) е турска драмска телевизиска серија. Сценариото го напишал турскиот писател Ѓошкун Ирмак.
Заплет Приказната започнува во шеесеттите години. Малиот Осман ја раскажува приказната за неговиот татко Али (капетан на голем брод). Тој на долгите пловидби се заљубил во згодна холанѓанка, Каролин, и тие на морето ја започнале својата љубовна приказна. Додека пак него го чека неговата сопруга Џемиле со своите четири деца: Берин, Мете, Ајлин и најмалиот син Осман. Али ги поминувал своите ноќи во големи и страшни бури. Кога тој се враќа, со себе го донесува немирот на страшната бура. Истовремено и неговата љубовница Каролин ќе се пресли во Истанбул, па тие ќе ја започнат одново нивната љубовна приказна. Тој од својата куќа ги брка Џемиле и неговите деца. Нови сплетки се случуваат и понатаму во приказната за семејство на господинот Али.
Улоги
Глумец/глумицаУлогаОпис на улогата Еркан Петекаја Али Капетанот на бродот, женет за Џемиле. Има 4 деца. Ајџа Бинѓол Џемиле Нежна четириесет годишна жена. Таа е жената на Али. Вилма Елес Каролин Убава и паметна 30 годишна жена. Таа е љубовницата на Али. Јилдиз Џагри Атикшој Берин Најстарата ќерка на Али. Вљубена во Ахмет Булут Арас Мете Бунтовен средношколец. Син на Али. Фарах Зејнеп Абдлухам Ајлин Помалата ќерка на Али. Вљубена во Сонер. Емир Берке Зипинџи Осман Најмалото синче на Али и Џемиле. Мерал Чентикаја Хасифе Мајка на Али и на Кемал. Толга Гулеч Ахмет Дечко на Берин, познат како бунтовник. Мете Хорозоглу Сонер Брат на Мурат, стопанственик и љубовник на Ајлин. Категорија:Турски телевизиски серии
Наводи