Прирок-подмет-предмет или глагол-подмет-предмет (меѓ. крат. VSO од анг. verb–subject–object) — вид на збороред во реченицата кај одредени јазици. Овој редослед на зборовите е трет најупотребуван во светот по подмет-предмет-прирок и подмет-прирок-предмет. Пример за овој редослед на зборовите е реченицата „Јаде Томе јаболка “.
Јазиците кои имаат ваков редослед на зборовите се семитските јазици, меѓу кои арапскиот, хебрејскиот, гез. Покрај нив, овој редослед е присутен и кај келтските јазици, како што се ирскиот, шкотскиот гелски, манскиот, велшкиот и бретонскиот.
Јазици Покрај горе напоменатите јазици, овој редослед се користи и кај следните јазични семејства:
афроазиски јазици мајански јазици оромангејски јазици салишки јазици австронезиски јазици
Примери Редоследнот на зборовите во арапскиот е:
реченица зборови الكتاب المدرس قرأ транслитерација al-kitāba al-mudarrisu Qara'a глос книгата наставникот чита делови предмет подмет прирок превод Наставникот ја чита книгата.
Редоследот на реченицата се чита од десно кон лево.
Пример за редоследот на реченицата во велшкиот:
реченица Siaradodd Aled y Gymraeg зборови Siaradodd Aled y Gymraeg глоси зборел Алед велшки(от) делови глагол подмет предмет превод Алед зборел велшки.
Наводи
Поврзано подмет-предмет-глагол подмет-прирок-предмет предмет-подмет-прирок предмет-прирок-подмет прирок-предмет-подмет
Категорија:Јазична типологија