Суви Лаки (или Суви Лак) — туристичка населба која се наоѓа на 25 км од Берово, по патот за Струмица на падините на планината Огражден. Населбата е комплетно урбанизирана во 1978 година. Во моментот таму се наоѓаат 450 викенд куќи, 2 детски одморалишта и предвидена е можност за градба на уште стотина викенд и комерцијални објекти. Поради големата популарност на населбата, за потребите на туристите била изградена црквата „Св. Кирил и Методиј“.

Поврзано Црква „Св. Кирил и Методиј“

Наводи

Категорија:Одморалишни населби во Македонија Категорија:Туризам во Берово Категорија:Туризам во Струмица Категорија:Планински превои во Македонија Категорија:Огражден