Прилепската битка — битка меѓу Првата српска армија и турската Вардарска армија. Се одиграла од 3 до 6 ноември 1912. година во текот на Првата балканска војна.
После Кумановската битка (10-11 октомври) турската војска се повлекла преку Вардар кон Битола, додека српската војска напредувала кон југ. Во исто време јужно од Битола напредувала грчката војска. Командантот на турската западна (вардарска) армија Зеки паша го испратил VI корпус (третина од силите) да го запре напредувањето на Грците кај Лерин, а со останатите сили (V и VII корпус) им се спротивставил на Србите кај Прилеп.Erickson, E. Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912-1913. Greenwood Publishing Group, 2003, ISBN 0275978885, стр. 184
Битката завршува со победа на српската војска, а турската била приморана да се повлече кон Битола.
Петтиот корпус на Вардарската армија на 1 ноември ги блокирал планинските приоди северно од Прилеп со задача да се сопре српското напредување. Битка започнала каога Моравската дивизиј се појавила на 3 ноември од правец на Велес. Наредниот ден пристигнала и Дринската дивизија.Войната между България и Турция през 1912-1913 г., Том VI, Министерство на войната, София 1935, стр. 198-199, Erickson, E.Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912-1913. Greenwood Publishing Group, 2003, ISBN 0275978885, стр. 186
Првата српска армија повторно се судрила со турските сили на 5 ноември јужно од Прилеп на патот кон Битола. Битка се водела со бајонети и рачни гранати. Еден турски набљудувач го опишал српскиот нападThe Balkan Wars 1912-1913: Prelude to the First World War By Richard C. Hall на следниов начин:
Во редовите на српската војска имало голем број на загинати и ранети. Српската Прва армија настапувала без својот командант, принцот Александар I Карађорђевић, кој се преладил и со армијата командувал телефонски од Скопје.
Турскиот V. корпус кратко ги задржал позициите кај селото Алинци, но на 6 ноември се повлекол кон Битола.Войната между България и Турция през 1912-1913 г., Том VI, Министерство на войната, София 1935, стр. 201-203
Поврзано
Кумановска битка, 10-11 октомври 1912 г. Прилепска битка, 3-5 ноември 1912 г Алинска битка, 6 ноември 1912 г. Битолска битка, 16-19 ноември 1912 г.
Наводи
Категорија:Отомански Прилеп Категорија:Битки во Првата балканска војна Категорија:Судири во 1912 година Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Србија Категорија:Битолски Вилает