Ристо Огненовиќ - Лоноски (Галичник, - ) — македонски етнограф и професор.

Животопис Огненовиќ роден е во Галичник во 1870 година во семејството Лоновци. Заминал со татко му на печалба во Солун, каде се запишал во егзархиската гимназија. Подоцна се запишал на Учителската школа „Свети Сава“ во Белград и во 1890 година, тој станал учител. По неуспешниот обид да отвори српско училиште во Битола, се вратил во Белград. Потоа заминал за Константинопол, во Галата Сарај и се запишал на францускиот лицеј и го изучувал францускиот јазик. Бил еден од главните луѓе на Новаковиќ кој ја ширел на самиот терен српската пропаганда, односно отворал српски училишта во Македонија. Ристо Огњановиќ работел како професор во српската гимназија во Скопје. Но пред својата смрт во 1940 година, ја напишал книгата „Галичник и Мијаците“, на месен македонски јазик, тврдејќи дека самиот тој не е ниту Србин, ниту Бугарин, односно дека Македонците се посебен народ кој јасно се разликува од нив во секој научен поглед.

Наводи

Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Македонски етнографи Категорија:Македонски учители Категорија:Југословенски етнографи Категорија:Југословенски учители