Цветко Узуновски - Абас (Царев Двор, Ресенско, 24 декември 1912 - Скопје, 24 мај 1994)„Почина првоборецот Цветко Узуновски – Абаз“, „Нова Македонија“, 25 мај 1994, 4 стр. — македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ и истакнат функционер по ослободувањето. Носител е на Партизанска споменица 1941. Тој беше последниот преживеан шпански борец од Македонија.„Последниот шпански борец“, „Нова Македонија“, 26 мај 1994, 4 стр.
Пред војната Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се приклучува на синдикалното движење, а во 1937 година станува член на КПЈ. Во 1934 година е уапсен од полицијата и е осуден на две и пол години затвор, кои ги одлежува во Пожаревац.„Нова Македонија“, 13 февруари 1946, 1 стр. По излегувањето од затвор, полицијата го протерува во Царев Двор. Таму тој не останува долго време и се враќа во Белград. Во Белград се задржува неколку месеци, по што заминува за Шпанија. Во Шпанија пристигнува во јуни 1937 година и до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна како припадник на Интернационалните бригади.Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година. Заедно со други југословенски логораши во 1941 година заминува на работа во нацистичка Германија, каде е одреден да работи во Еспенхајм во близина на Лајпциг.Vojo Todorović Lerer “Od Vernea do Ustaničkog Drvara” vo Čedo Kapor (ur.) "Španija 1936-1939", "Vojnoizdavački zavod", Beograd, 1971, tom 4, 429-438 str.
НОВ мини|лево|Цветко Узуновски говори на борците на Втората македонска бригада за време на нејзиното формирање во село Фуштани, 20 декември 1943 година.
Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Избран е за делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.
Узуновски се смета за народбодавател на две убиства на партизанки: Лена Стојчевска во 1944 годинаСтрелањето на партизанката Лена, Сведоштва за стрелањето на Лена Стојчевска објавени во „Нова Македонија“ во 1990 годинаВиктор Цветаноски „Лена ликвидирана по налог на Абас“, „Утрински Весник“, 12.12.2010 и Панде Чесноска во 1945 година.Виктор Цветаноски „Зошто ОЗН-а ја уби Чесноска“, „Утрински Весник“, 13.12.2010
По ослободувањето
По ослободувањето, од 1944 до 1946 година, Узуновски беше прв началник на ОЗН за Македонија, а на 11 февруари 1946 година е избран за министер за внатрешни работи на НР Македонија.Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр. На оваа функција останува до 1953 година, кога е деградиран. Причините за деградирањето се, покрај аферата со крадење злато и градењето луксузна вила во Отешево, и информациите дека Узуновски соработувал со Гестапо во Загреб во летото 1941 година.Виктор Цветаноски, „Колку УДБ-а беше нашата судба (3)“, „Утрински Весник“, 13.12.2010.
Испратен е на работа во сојузните органи. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија. Пензиониран е како генерал полковник на ЈНА.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1527-1528 стр.
Наводи
Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Учесници во Шпанската граѓанска војна Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски генерали Категорија:Луѓе од Царев Двор Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1994 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ