thumb|250px|Местоположба на Црноморскиот регион мини|Градските ѕидини на Трабзон и аквадуктот се меѓу најстарите преостанати градби во градот. Црноморски регион () — еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Се граничи со Мраморниот регион на запад, Средна Анадолија на југ, Источна Анадолија на југоисток, Грузија на североисток и Црното Море на север.
Покраини мини|250п|Покраини во Црноморскиот регион Амасија Артвин Бајбурт Бартин Болу Гиресун Ѓумушхане Дузџе Зонгулдак Карабук Кастамону Орду Ризе Самсун Синоп Токат Трабзон Чорум
Население
Регионот брои 8.439.213 жителиПопис 2010, од кои 4.137.166 живеат во градовите, а 4.301.747 во селата. Со ова, Црноморскиот регион е најруралниот во земјата и единствениот со повеќе селско отколку градско население.
Најголем дел од населението се Турци, со Лази и Грузијци во источниот дел. За разлика од нивните сонародници во Грузија, Лазите и Грузијците во Турција се муслимани.
Клима
Регионот има океанска клима со големо количество на рамномерно распределени вржени преку целата година. Во крајбрежните делови, летата се топли и влажни, а зимите се свежи и исто така влажни. Со 2500 мм годишно, ова е најврнежливиот регион во земјата. Во зимата често врне снег, кој обично трае една до две недели.
Поврзано Понт Региони во Турција Црно Море
Наводи
Надворешни врски Култура на Црноморскиот регион
Категорија:Региони во Турција