Сеп Ванмарке (; р. во ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Во август 2021 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања, негова седма голема трка.

Кариера

Ванмарке е роден во Кортрајк.

Гармин-Сервело (2011–2012)

Ванмарк ја освоил најголемата победа во неговата кариера на Омлоп Хет Ниувсблад 2012, напаѓајќи силно на двапати. Првиот напад го извел на искачувањето Моленберг, ја поделил групата и повторно на делот со калдрма со цел да ја намали водечката група на само два учесника, Хуан Антонио Флеча () и Том Бонен (). Ги отспринтал обајцата и победил на трката.

Бланко Про Сајклинг (2013–2016) 2013

upright|мини|лево|Ванмарке и Фабијан Канчелара на крајот на Париз-Рубе 2013. Канчелара го претекнал Ванмарке за победа на велодромот во Рубе.

Во 2013 година, Ванмарке бил насочен на класиците, но го повредил неговото колено при пад на Тирено-Адријатико, што ја забавило неговата форма за првите важни еднодневни трки во сезоната. Сепак, учествувал на Трката околу Фландрија, завршувајќи 3 минути зад Фабијан Канчелара. Една недела подоцна, завршил втор на Париз-Рубе зад истиот човек. Избегал со Стејн Ванденберг по делницата со калдрма 6, но подоцна им се приклучиле на Канчелара и Здењек Штибар. На делницата со калдрма Карфур де л’Арбр, Штибар и Ванденберг паднале откако се судриле со гледачите. Ванмарке изгубил во спринтот со Канчелара одржан на велодромот, што му паднало емотивно многу тешко, бидејќи бил многу близу за победа.

2014

Во 2014 година, Ванмарке покажал одлична форма на класиците, со четвртото место на Омлоп Хет Ниувсблад и третото место на Курне-Брисел-Курне следниот ден. Исто така забележал пласмани во првите пет на Е3 Харелбеке (петти) и Гент-Вевелгем (четврти). На Трката околу Фландрија, Ванмарке бил единствениот возач кој можел да го следи нападот на Канчелара на последното искачување на Патерберг. Двоецот ги фатил претходните бегалци, Ванденберг и Грег ван Авермат. Трката завршила со спринт на четворица, каде Канчелара извојувал победа пред Ван Авермат и Ванмарке.

2015–2016

Ванмарке не успеал да забележи пласман меѓу најдобрите десет на монументите во сезоната 2015, но завршил петти на Омлоп Хет Ниусблад, четврти на Страде Бјанке, петти на Е3 Харелбеке и шести на Гент-Вевелгем.

Во последната сезона со во 2016 година, Ванмарке завршил на подиум на Трката околу Фландрија и четврти на Париз-Рубе. Исто така, бил осми на Е3 Харелбеке и завршил втор на Гент-Вевелгем. Негов најдобар резултат во сезоната била победата на четвртата етапа и целата трка Стер ЗЛМ Тур.

Канондејл-Драпак (2017–2020)

За сезоната 2017, Ванмарке се вратил во неговата поранешна екипа, за која возел во 2011-2012. Завршил трет на Омлоп Хет Ниусблад, но паднал на Трката околу Фландрија, што го спречило од настап на Париз-Рубе. Меѓутоа, се вратил на трките и го освоил националното друмско првенство.

Првиот подиум на Ванмарке во сезоната 2018 бил на Омлоп Хет Ниусблад, каде завршил трет. Потоа завршил седми на Е3 Харелбеке пред да заврши трет на Дварс дор Вландерен. На Трката околу Фландрија, Ванмарке уште еднаш имал лоша среќа со неколку дупнати гуми на почетокот на трката. Сепак, завршил на 13. место, а една недела подоцна на Париз-Рубе завршил шести. Завршил на петтото место на националното друмско првенство пред да го својот петти настап на Тур де Франс во јули.

Израел Старт-ап Нејшн

Во октомври 2020 година, Ванмарке потпишал тригодишен договор со екипата .

Достигнувања

2006 4. Национално јуниорско друмско првенство 2007 3. Трка околу Фландрија за млади 6. Сиркуит де Валони 2008 2. Катекурс 6. Ла Кот Пикар 8. Трка околу Фландрија за млади 2009 3. Катекурс 3. Ла Кот Пикар 4. Краен пласман Тур ди О Анжу 1. Етапа 1 5. Трка околу Фландрија за млади 6. Фландриско првенство 8. Шпаркасен Џиро 2010 1. 20п Планински пласман Четири дена Динкерк 2. Краен пласман Сиркут Франко-Белж 2. Гент-Вевелгем 3. Ронде ван хет Груне Харт 8. ГП де Валони 9. Париз-Камемберт 2011 4. Е3 Харелбеке 2012 1. Омлоп Хет Ниусблад 3. Рогаланд ГП 5. Е3 Харелбеке 7. Дварс дор Вландерен 2013 1. ГП Импанис-Ван Петегем 1. ГП Васе Полдерс 2. Париз-Рубе 2. ГП Џеф Шеренс 5. Национално друмско првенство 5. Краен пласман Тур де Фјорд 5. Трка околу Келн 2014 1. Етапа 3 Трка околу Норвешка 3. Курне-Брисел-Курне 3. Трка околу Фландрија 4. Омлоп Хет Ниусблад 4. Гент-Вевелгем 4. Париз-Рубе 5. Е3 Харелбеке 5. Бинше-Шиме-Бинше 7. Гран при Квебек 9. Краен пласман Трка околу Алберта 1. Етапа 3 2015 4. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 4. Страде Бјанке 4. Класик РајдЛондон-Сари 5. Омлоп Хет Ниувсблад 5. Е3 Харелбеке 6. Гент-Вевелгем 7. Минстерланд Џиро 2016 1. 20п Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 1. Етапа 4 2. Гент-Вевелгем 3. Трка околу Фландрија 4. Париз-Рубе 5. Национално хронометарско првенство 8. Е3 Харелбеке 9. Краен пласман Тур ди Поату Шарант 2017 1. 20п Бодовен пласман Трка околу Австрија 2. Национално друмско првенство 3. Омлоп Хет Ниусблад 4. Класик Бретања 4. Класик Лондон-Сари 8. ГП Квебек 10. ГП Монтреал 2018 3. Омлоп Хет Ниусблад 3. Дварс дор Вландерен 5. Национално друмско првенство 6. Париз-Рубе 7. Е3 Харелбеке 7. Париз-Тур 2019 1. Класик Бретања 1. Етапа 1 Тур ди О Вар 4. Париз-Рубе 5. Краен пласман Етоал де Бесеж 6. Трофео Матеоти 9. Гран Премио Бруно Бегели 2021 2. Краен пласман Сетимана Чиклистика Италијана 3. Омлоп Хет Ниусблад 4. Ле Самин 5. Трка околу Фландрија 2022 1. Велосипедски класик Мериленд 8. ГП Марсел Кинт

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џироне настапил во текот на својата кариера 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——131106104104—115 — — — — 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта139——————— — — СО —

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022Милано-Санремо———— — — 24——— — — —Трка околу Фландрија62СО48293533СО1325 175 —Париз-Рубе—208424114—64НСО 23 —Лиеж-Бастоњ-Лиежcolspan=13 Џиро ди Ломбардија— СО————— 61— 108——— Класик 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022Омлоп Хет Ниусблад34—17445—3392233 —Курне-Брисел-Курне————381——61— 59 СО —Страде Бјанке———СО—4—СО41— — — —Е3 Саксо Банк Класик—4551558237СОНСО 30 СОГент-Вевелгем2142—СО462—21— 17 СО 77Дварс дор Вландерен18397————283—НСО — 101Класик Бретања — — 41 СО — 40 974 391 28 — —Гран при Квебек — — — —7 29 —8 13 40НСО —Гран при Монтреал — — — — 16 СО —10 СО 61 —Париз-Тур 15 28 — 76 40 СО 105 —7 — — 77 —

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Кортрајк Категорија:Белгиски велосипедисти