Лукаш Росол (чешки: Lukáš Rosol) (роден на ) е чешки тенисер. Професионалнo игра тенис од 2004 година. Во моментов се наоѓа на 85. место на АТП листата и е трет најдобро пласиран чешки тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 26. место кое го постигнал во септември 2014.

На 28 јуни 2012 година, Росол успеал сензационално да го победи вториот играч во светот Рафаел Надал, во второто коло од Вимблдон во пет сетови.СЕНЗАЦИЈА: Росол го шокираше Надал во второто коло од Вимблдон

Во кариерата Росол освоил две АТП титули во поединечна конкуренција и три АТП титули во двојки. Тој бил дел од дејвис куп тимот на Чешка кој победил во Дејвис купот 2012.

Росол играл во најдолгиот АТП натпревар во историјата во двојки, заедно со Томаш Бердих, во победата над Марко Чиудинели и Станислас Вавринка во првото коло од Дејвис купот 2013. Натпреварот се одиграл на 2 февруари 2013, и траел 7 часа и 2 минути. Тоа било втор најдолг натпревар во двете конкуренции, и е веднаш зад натпреварот меѓу Џон Изнер и Николас Мау на Вимблдон 2010

Личен живот Росол е роден во Брно, Чехословачка. Во ноември 2008, тој се оженил со чешката атлетичарка Дениса Росолова (моминско презиме Шчербова). Во 2011 тие се развеле. Во 2013, Росол се верил со презентерката Михаела Очотска. Нивниот син Андре се родил во јануари 2015. Парот направил свадба во јули 2015.

АТП финалиња во кариерата Поединечно: 4 (2–2) LegendГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП 500 серија (0–0)АТП 250 серија (2–2)Титули по подлогаТврда (1–0)Земја (1–2)Трева (0–0)Тепих (0–0) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник1.28 април 2013Букурешт, РоманијаЗемја Гуљелмо Гарсија-Лопес6–3, 6–2Финалист1.27 април 2014Букурешт, РоманијаЗемја Григор Димитров6–7(2–7), 1–6Финалист2.13 јули 2014Штутгарт, ГерманијаЗемја Роберто Баутиста Агут3–6, 6–4, 2–6Победник2.23 август 2014Винстон-Салем, САДТврда Јежи Јанович3–6, 7–6(7–3), 7–5

Двојки: 3 (3-0) LegendГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП 500 серија (0–0)АТП 250 серија (3–0)Титули по подлогаТврда (2–0)Земја (1–0)Трева (0–0)Тепих (0–0)

ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултатПобедник1.6 јануари 2012Доха, КатарТврда Филип Полашек Кристофер Кас Филип Колшрајбер6–3, 6–4Победник2.20 октомври 2013Виена,АвстријаТврда Флорин Мергеа Даниел Нестор Јулијан Ноул7–5, 6–4Победник3.27 јули 2014Умаг, ХрватскаЗемја Франтишек Чермак Душан Лајовиќ Франко Шкугор6–4, 7–6(7–5)

Наводи

Надворешни врски Профил на Лукаш Росол на мрежното место на АТП Профил на Лукаш Росол на мрежното место на ИТФ

Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки тенисери