Тиџеј ван Гардерен (; р. во Такома, Вашингтон) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2008-2021 за екипите , , и . По неговото повлекување како велосипедист, Ван Гардерен станал спортски директор за UCI World Tour екипата .

Ран живот

Тиџеј ван Гардерен е роден во Такома, Вашингтон, но поголемиот дел неговото детство го поминал во Монтана. Има холандско потекло и прилично добро го говори холандскиот јазик. Започнал да вози на 10 години. Со 14 веќе го искачувал врвот Еванс за околу два часа..Врв Еванс 7/25/03 . bicyclerace.com Освоил 10 јуниорски национални првенства во друмски велосипедизам (друмска трка, критериум и хронометар) и велокрос.Интервју со Тиџеј ван Гардерен , Velocity Nation Две од неговите рани екипи биле Тим Рио Гранде (2004–2005)Околу тимот | Тим Рио Гранде . Riograndecycling.com. 22 август 2011. и Тим 5280 (2005–2006, сега дел од Гармин-Сервело)www.cyclingnews.com. Autobus.cyclingnews.com. 22 август 2011.

Кариера Под 23 години (2007–2009)

Прва голема сениорска трка на Ван Гардерен била на 18 години на Трката околу Калифорнија 2008, како дел од репрезентацијата. Ја напуштил трката на етапата 4.Two world champs go one-two in SLO. Трка околу Калифорнија – 2.HC САД, 18-25 февруари 2007. Етапа 4 – 22 февруари: Сисајд до Сан Луис Обиспо, 213,4 км. CyclingNews Тој возел во САД и Европа во 2007 и завршил 20. на Тур де л’Авенир.

Ван Гардерен му се придружил на Рабобанк Континентал во 2008. Живеел во Холандија и бил втор на Флеш ду Суд и Сиркуто Монтањес. Освоил етапа на Тур де л’Авенир и дошол 24. на Светското друмско првенство за под 23 години во Варезе, Италија.

Ван Гардерен имал високи очекувања за Тур де л’Авенир во 2009. Двајца француски возачи, вклучувајќи го фаворитот, Ромен Сикар, оствариле голема разлика од 1 и пол минута од главната група на првата етапа. Ван Гардерен бил втор во генералниот пласман на една етапа до крајот. Ромен Сикар бил сигурен за победа, но бил казнет 2 минути за недозволена промена на велосипедот и неговото водство паднало на само 1 секунда, но доволно да го задржи Ван Гардерен од неговата најголема победа во неговата кариера.

Ван Гардерен му се приклучил на следната година.Американецот Тиџеј ван Гардерен оди во Колумбија-Хајроад следната година , VeloNews

ХТЦ-Колумбија (2010–2011) 2010

мини|лево|Ван Гардерен на Тур де Франс 2011

Ван Гардерен дошол во екипата со најмногу победи во 2009, благодарение на спринтерите Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Завршил 9. на неговата прва етапна трка, Волта ао Алгарве, искачувајќи се 5. на етапата до врвот Алто до Малхао. На Трката околу Турција, дошол втор на две етапи и втор во генералниот пласман, 29 секунди зад Џовани Висконти.

Ван Гардерен го поддржувал водачот Мајкл Роџерс на 6. и 8. етапа на Трката околу Калифорнија. Завршил 28. во генералниот пласман, додека Роџерс ја освоил трката.

Ван Гардерен го започнал Критериум ду Дофине 2010 како заеднички водач на ХТЦ-Колумбија со Канстанцин Сивцов и Петер Велитс. Откако скоро го изненадил Алберто Контадор на прологот, тој стигнал до четвртото место на хронометарот на етапата 3 и се поместил до второто место во генералниот пласман. Сепак, изгубил време на планинските етапи и завршил трет.

Ван Гардерен возел силно на Вуелта а Еспања, имајќи две многу силни недели на трката. Потоа, паднал малку во формата, но сè уште бил вреден помагач на Петер Велитс, кој дошол до третото место во генералниот пласман на трката.

2011

Во 2011 година, Ван Гардерен бил втор на етапата 3 на Волта ао АлгарвеТиџеј ван Гардерен - Тим ХТЦ – Хајроад . Highroadsports.com. 2011-08-22. и втор на воведниот хронометар на Тур де Свис (зад Фабијан Канчелара).АФП: Канчелара победи на воведниот хронометар на Тур де Свис. Google.com (2011-06-09). 2011-08-22. Неговата силна форма на Трката околу Калифорнија му ја донела маичката за најдобар млад возач. Тој бил дел од составот за Тур де Франс 2011. Ова бил негов прв Тур де Франс и тој возел во корист на Тони Мартин и Петер Велитс.Ван Гардерен како поддршка на Кевендиш и Мартин на Тур де Франс. Cyclingnews.com (2011-06-29). 2011-08-22. На осмата етапа, Ван Гардерен освоил доволно бодови на искачувањето од втора категорија за да ја заработи маичката во планинскиот пламсман и наградата за најборбен возач. Тој бил првиот Американец, кој ја облекол точкестата маичка во историјата на Тур де Франс (Грег Лемон кратко водел во планинскиот пласман во текот на Тур де Франс 1986, но бидејќи исто така бил и водач во генералниот пласман, тој не ја носел маичката). во текот на драматичната етапа 8, тој бил наречен „Bozeman Boss“ од коментаторот Фил ЛигетOne and Done? | Bicycling Magazine . Bicycling.com. 2011-08-22. На Трката околу Јута, Ван Гардерен го освоил хронометарот на третата етапа.Трка околу Јута: Тиџеј ван Гардерен добил роденденски подарок со етапната победа | The Salt Lake Tribune. Sltrib.com. 2011-08-22.

БМЦ Рејсинг Тим (2012–2018) 2012

мини|лево|Ван Гардерен во текот на хронометарот на деветтата етапа на Тур де Франс 2012

Откако бил распуштен, Ван Гарден му се приклучил на заедно со неговиот колега од ХТЦ Марко Пиноти. Ван Гардерен ја освоил маичката во пласманот за млад возач на Париз-Ница во почетокот на март, носејќи ја маичката целата трка.

Ван Гардерен бил избран за Тур де Франс како еден од главните помошници за бранителот на титулата од претходната година, Кедел Еванс. Во првата недела возел одлично, доаѓајќи на четвртото место на прологот и носејќи ја белата маичка - за најдобро пласиран возач под 25 години во генералниот пласман - до етапата 7, кога загубил малку време на првата завршница на врв на Тур. Повторно се здобил со маичката по четвртото место на етапата 9, поединечен хронометар. На етапата 11, Ван Гардерен се обидел да му помогне на Еванс со неуспешен долг напад и се покажал посилен тој ден, наметнувајќи силно темпо на завршното искачување. На крајот завршил на петтото место во генералниот пласман станувајќи третиот Американец, кој го освоил пласманот за најдобар млад возач, по Грег Лемонд во 1984 и Ендру Хемпстен во 1986. Во август, Ван Гардерен завршил втор на САД Про Сајклинг Челинг 2012 зад Кристијан Ванде Велде (). Претходно победил на втората етапа на трката во спринтот со Ванде Велде, заработувајќи ја жолтата маичка на трката. Ја предал маичката на неговиот сонародник следниот ден, но ја повратил на етапата 4, за повторно да ја изгуби на етапата 6.

2013

мини|Ван Гардерен во текот на хронометарот на шестата етапа на Трката околу Калифорнија 2013

Ван Гардерен ја започна сезоната 2013 со настап на Тур де Сан Луис, каде завршил втор во генералниот пласман. Исто така имал добри резултати на европските велосипедски трки, завршувајќи четвртти на Париз-Ница, и трети на Критериум Интернасионал. Во мај, Ван Гардерен ја освоил првата голема етапна трка во неговата кариера, Трката околу Калифорнија. Возел одлично на сите клучни етапи, завршувајќи втор на втората етапа и освојувајќи го поединечниот хронометар на шестата етапа. Го одбранил водството на седмата етапа, која завршувала на нагорнина. Сепак му недостасувала форма на Тур де Франс 2013, завршувајќи на 45. место. Тиџеј имал добра форма и победил на САД Про Сајклинг Челинџ, кој се одржувал на високи надморски височини низ Колорадо.

2014

Рано во 2014 година ја освоил четвртата етапа на Волта а Каталуња, завршница до скијачкото одморалиште Валтер 2000. На крајот ја завршил трката на третото место, седум секунди зад победникот на трката Хоаким Родригес. Тур де Франс започнала со ридски терен во Јоркшир, каде Ван Гардерен завршил деветти на втората етапа до Шефилд, која ја освоил Винченцо Нибали. Откако изгубил две минути во однос на Нибали на петтата етапа, која вклучувала калдрма – истата не ја одобрувал – Ван Гардерен изгубил дополнителна минута два дена по пад. Неговата екипа исто така го загубила Дарвин Атапума, кој скршил нога во истиот пад. На остатокот од трката, Ван Гардерен завршувал шести или подобро на пет етапи, со што на крајот завршил петти, откако трката завршила во Париз. Го повторил својот успех од претходната година на САД Про Сајклинг Челинџ, освојувајќи го генералниот пласман и две етапи, завршувајќи ја сезоната со златен медал на екипниот хронометар на Светското друмско првенство.

2015

Во 2015 година, Ван Гардерен ја започнал својата сезона на Трката околу Оман, каде го освоил второто место зад Рафаел Валс. Ван Гардерен дошол до неговата прва победа во сезоната на четвртата етапа на Волта а Каталуња, која претставувала кралска етапа на трката. Меѓутоа, бил далеку во генералниот пласман за да има некакво значење неговата победа. Во јуни возел на Критериум ди Дофине како подготовка за Тур де Франс. Се борел со Крис Фрум, кој го победил во генералниот пласман за десет секунди, поради што завршил втор. И покрај силните први две недели, го напуштил Тур де Франс 2015 во текот на седумнаесеттата етапа поради болест еден ден по вториот ден за одмор. При напуштањето од трката се наоѓал на третото место во генералниот пласман.

2016–2018

Одбрал да не учествува на Летните олимписки игри поради гружа за вирусот зика.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017. Ја освоил осумнаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2017, со што стигнал до прва етапна победа на некоја голема трка. На Вуелта а Еспања 2017 имал добар почеток со победата на екипниот хронометар со Тим БМЦ на првата етапа и десеттото место во генералниот пласман, со што третпат успеал да заврши меѓу најдобрите десет на некоја голема трка.

На Тур де Франс 2018 бил вклучен во редок случај на израмнување за жолтата маичка по екипниот хронометар, кој го освоил БМЦ. Бидејќи немало поединечен хронометар за да ги измери времињата на возачит до илјадитиот дел од секундата, неговиот колега Ван Авермат ја добил жолтата маичка поради повисоките пласмани во рамки на главната група на претходните етапи.

ЕФ Едукејшн Фирст (2019–2021)

Ван Гардерен се преселил во екипата кога БМЦ го променил називот во Тим ССС, чија цел главно биле еднодневните трки. На последното издание на Трката околу Калифорнија ја носел водечката маичка неколку етапи и завршил деветти. Потоа, имал добар резултат на Критериум ди Дофине завршувајќи на второто место.

Пред да пандемијата на КОВИД-19, Ван Гардерен имал цел да вози на Џиро и на Тур во 2020 година.

Објавил дека ќе се повлече по националното друмско првенство 2021.

Достигнувања

2005 Национални јуниорски друмски првенства 2. Друмска трка 3. Хронометар 2006 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 2008 1. Етапа 5 (ТТТ) Волта а Љеида 2. Краен пласман Флеш ди Сид 1. Етапа 2 2. Краен пласман Сиркуито Монтањес 4. Краен пласман Гран при Гијом Тел 1. Етапа 4 8. Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 9 2009 1. 20п Краен пласман Тур ди О-Анжу 1. 20п Краен пласман Сиркуито Монтањес 2. Краен пласман Тур де По де Савоја 2. Краен пласман Тур де л’Авенир 3. Национално хронометарско првенство под 23 години 3. Краен пласман Трка Олимпија 1. Пролог (ТТТ) 1. Етапа 5 6. Краен пласман Истарски пролетен трофеј 7. Де Вламсе Пејл 2010 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 2. Краен пласман Трка околу Турција 3. Краен пласман Критериум ду Дофине 4. Краен пласман Тур де л’Ен 1. 20п Пласман за млад возач 9. Краен пласман Волта ао Алгарве 2011 1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Јута 2. Краен пласман Волта ао Алгарве 3. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. 20п Пласман за млад возач 5. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. 20п Пласман за млад возач Тур де Франс 20п Награда за борбеност на етапата 8 2012 Светски друмски првенства 2. 15п Екипен хронометар 4. Хронометар 2. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. Етапа 2 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 5. Краен пласман Тур де Франс 1. 20п Пласман за млад возач 5. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 2013 1. Краен пласман 20п Трка околу Калифорнија 1. Етапа 6 (ITT) 1. Краен пласман 20п САД Про Сајклинг Челинџ