Петр Чех (роден во П’лзен, 20 мај 1982) — чешки фудбалски голман и репрезентативец. Од 2004 година, брани за Челзи во Англиската премиер Лига. Покрај Челзи, Петр Чех бил голман и на Чмел, Спарта Прага и Рен. Во три сезони по ред (2004-2005, 2006-2007, 2007-2008) Чех е прогласуван за најдобар голман во Лигата на шампионите. Во сезоната 2004-2005, Чех поминал 1.025 минути без да прими гол, со што постигнал рекорд во ФА Премиер лигата. Подоцна, Едвин ван дер Сар од Манчестер Јунајтед поставил нов рекорд на 27 јануари 2009 година. Чех исто така ја освоил и златната ракавица во сезоната 2004-2005 и 2009-2010http://www.chelseafc.com/page/LatestNews/0,,10268~2052270,00.html .

Во сезоната 2014-2015, по враќањето на голманот Тибо Куртоа во „Челзи“, Чех го загубил местото во тимот и претежно седел на клупата. Поради тоа, во ноември 2014 година, тој потпишал договор со „Арсенал“, за сума од седум милиони фунти.„Арсенал и Челси се договориле за Чех“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.

Во јуни 2019 година, Чех ја завршил фудбалската кариера, Чех почнал да работи како советник во „Челси“ а подоцна потпишал договор со екипата на „Глифорд Финикс“ која се натпреварува во втората британска хокеарска лига.„Петр Чех стана хокеар“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 23.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Спарта Прага Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Луѓе од П’лзењ Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1982 година