Ресични согласки (увуларни) se согласки што се создаваат со задниот дел од јазикот и ресичката („увула“), позадна положба отколку венечните согласки. Ресичната согласка може да биде избувна, струјна, носна, трепетна или приближна, иако МФА нема посебен симбол за приближната, туку го користи симболот за звучната струјна согласка. Ресичните слеани согласки се можни, но прилично ретки: се јавуваат во извесни јужни горногермански дијалекти, како и во неколку африкански и индијански јазици. Исфрлените ресични слеани согласки се среќаваат како реализации на ресични избувни согласки во лилуетскиот и грузискиот јазик.
Ресични согласки според МФА Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), ресични согласки се следниве:
МФА Опис ПримерЈазикПравописМФАЗначењеПодатотека:Xsampa-Nslash.pngресична носна согласкајапонски日本 NihonЈапонијаПодатотека:Xsampa-q.pngбезвучна ресична избувна согласка казачкиҚазақ QazaqказачкиПодатотека:Xsampa-Gslash.pngзвучна ресична избувна согласкаинуктитутutiramaбидејќи се враќамПодатотека:Xsampa-x2.pngбезвучна ресична струјна согласкашпанскикастиљско наречјеenjutoслабПодатотека:IPA 143.svgзвучна ресична избувна согласкалакотскиaǧúyapiлебПодатотека:Xsampa-Rslash.png ресична трепетна согласкафранцуски (париски)ParisПаризПодатотека:IPA uvular ejective.pngресична исфрлена согласкакечуанскиq'alluкечапПодатотека:Xsampa-Gslash lessthan.pngзвучна ресична уфрлена согласкамамскиоган
Поврзано Гласилна согласка Голтничка согласка Место на творба
Наводи
Категорија:Согласки