Кај граматиката, логиката и математиката негација е операција на вистинитости, како на пример вистинитоста на еден исказ, која може да биде од точност во неточност и неточност до точност.

Дефиниција и нотација

Кај логиката, логичка негација е унарен логички оператор којшто ја превраќа вистинитостта на неговиот операндот.

Негацијата на исказот p може да се напише на различни начини:

p (кое е p со црта над него) ~p ¬p НЕ p !p p'''

Се чита како „не е случај дека p“, или само „не p“.

+Вистинитосна таблица A не A ⊥ т т ⊥

~p е точно ако и само ако p е неточно. На пример, ако p го означува исказот „денес е сабота“, тогаш неговата негација ~p ќе биде исказот „денес не е сабота“.

Кај класичната логика, двојна негација значи афирмација; т.е., исказите p и ~(~p) се логично еквивалентни. Меѓутоа кај интуитистичката логика, ~~p е послаб исказ отколку p. И покрај тоа, ~~~p и ~p се логички еквивалентни.

Логичката негација може да се дефинира преку други логички операции. На пример, ~p може да се дефинира како p → F, каде што → е материјална импликација и F е апсолутна неточност. Обратно, можеме да го дефинираме F како p & ~p за секој исказ p, каде што & е логичка конјункција. Идејата тука е дека секоја контрадикција е неточна. Додека овие поими работат и во класичната и во интуитистичката логика, истите не работат во Бразилската логика, каде што не мора да значи дека контрадикциите се невистинити. Но кај класичната логика, добиваме уште еден идентитет: p → q може да се дефинираат како ~p ∨ q, каде што ∨ е логичка дисјункција.

Алгебарски, логичката негација соодветствува со додатокот'' кај Булoвата алгебра (за класичната логика) или Хејтингова алгебра (за интуитистичката логика).

Категорија:Логика Категорија:Семантички единици Категорија:Синтаксни категории Категорија:Унарни операции