мини|десно|Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во Слепче мини|десно|Манастирската црква „Св. Богородица - Источен петок“ мини|десно|Икона на Богородица Патеводителка, XVI век, мини|десно|Дом на Културата во Слепче Слепче — село во Општина Демир Хисар, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.Географски топонимски речник на Република Македонија - Илија Петрушевски, Николина Петрушевска, Скопје 2001 Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови.
Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство Во март 2013 г. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.http://kapital.mk/mk/makedonija/93414/vo_slepche_otvorena_fabrikata_%E2%80%9Egrishko_makedonija%E2%80%9C.aspx Во 2020 година Фабриката за балетска опрема „Гришко“ престана да работи.
Население
Според турските пописни дефтери од 1467/68 г. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 г. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слепче живееле 570 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слепче имало 800 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слепче се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 100 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Слепче живеат 793 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 528 Македонци, 3 останати и 24 лица без податоци.
Родови Слепче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци: Пирковци (8 к.); Зенговци со Бошевци (6 к.); Дамчевци со Јошковци (2 к.); Коруновци (8 к.); Балуловци (11 к.); Муловци (7 к.); Ѕинговци (3 к.); Ѓоршовци (5 к.); Прпушковци (5 к.); Шиклевци со Дамчевци (5 к.); Лешниковци со Алексовци (2 к.); Неделковци (4 к.); Дувчевци (6 к.); Пупунчевци со Танчевци (2 к.); Ашковци (4 к.); Печенпетеловци со Марковци и Клепачовци (6 к.); Чадевци (3 к.); Матлијовци (3 к.); Калевци со Калешѓоргијовци (4 к.); Риловци (1 к.); Прпорчевци (1 к.); Лутовци (4 к.); Бутковци со Чорбевци (9 к.); Гугучевци со Мазевци (7 к.); Наловци (11 к.); Шишковци (2 к.); Мирчевци (3 к.); Карабатковци (3 к.); Каревци (15 к.); Лукарчевци со Симоновци и Цапановци (6 к.); Стретковци со Страшовци (5 к.), Гаџовски Доселеници: Зајаковци (4 к.) доселени се од селото Мренога. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 60 г. во 1952 година) Тале-Кочо, кој се доселил; Цвичковци (1 к.) доселени се однекаде; Поповци (4 к.) со Кусановци (2 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1952 година) Даме-Стојче-Нико-Трене-Стефан-Јован, кој се доселил; Мијајлевци со Сиџимовци, Теновци и Палабурун (8 к.) доселени се од селото Загориче; Прпорчевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Сладуево; Димчевци (3 к.) доселени се од селото Радово, каде имаат роднини. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 60 г. во 1952 година) Никола-Димче, кој се доселил; Кочовци (1 к.) доселени се од селото Железнец; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Граиште; Геговци (3 к.) доселени се од селото Лесково.
Општествени установи
Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Селото има дом на културата, изграден во 1988 година и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.
Сретселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 570 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ — главната селска црква; Црква „Св. Јован Крстител“ - главната црква на Слепченскиот манастир; Црква „Св. Јован Богослов“ - црквичка 200 метри над Слепченскиот манастир; Црква „Св. Богородица“ - главната црква на манастирот Добромирово;
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Грамаѓе — населба од хеленистичко време; Горна Куќа — населба од средниот век; Добромирово — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани 7 јули - Иванден - слава на манастирот 21 септември - Мала Богородица — селска слава октомври - Цвеќе на мирот во Слепче 27 октомври - Петковден - куќна слава 8 ноември - Митровден - куќна слава 4 декември - Пречиста - куќна слава 19 декември - Свети Никола - куќна слава
Личности Висарион Дебарски, средновековен книжевник Матеј Слепчански, средновековен книжевник Пахомиј Слепчански, средновековен книжевник Сисој, средновековен книжевник Петар Лутоски, првоборец и писател Стојан Попов, писател Славко Крстевски, писател Љубе Неделковски, уметник Ангеле Јанкулев Каревски — македонски револуционер од ВМОРО. Никола Богојов Каревски — македонски револуционер од ВМОРО. Крсте Цветков Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО. Ристе Котев Балулов — македонски револуционер од ВМОРО. Стојан Петрев Башевски — македонски револуционер од ВМОРО. Стојан Сиљанов Мијајлевски — македонски револуционер од ВМОРО. Спиро Петров Мицковски — македонски револуционер од ВМОРО. Сиљан Стеванов Налов — македонски револуционер од ВМОРО. Стојан Нечов Наловски — македонски револуционер од ВМОРО. Тасе Ристев Наловски — македонски револуционер од ВМОРО. Пере Тасев Симоновски — македонски револуционер од ВМОРО. Ристе Стеванов Тековски — македонски револуционер од ВМОРО. Алексо Јошев Трајчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Стојан Блажев Ристев — македонски револуционер од ВМОРО.
Култура и спорт ФК Слепче е фудбалски клуб од селото.
Иселеништво Постари иселеници до 1952 година од селото имало во Битола (3 семејства), Бугарија (3 семејства), Србија (3 семејства) и во Крушево (1 семејство).
Слепче во литературата
Смртта на бабарот - песна на Петре М. Андреевски од збирката „Пофалби и поплаки“ (Скопје, 1975) Исповед на слепченскиот игумен - песна на Раде Силјан од збирката „Третиот лик на времето“ (Скопје, 1975) Слепченскиот книжевно-уметнички центар - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1987) Слепче - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1988) Битисување - Славко Крстевски (Демир Хисар, 2014) Кога го граделе Слепченскиот манастир - песна на Раде Силјан од збирката „Молитва за Македонија“ (Скопје, 2015)
Наводи
Надворешни врски
Слепче - Мал Париз Репортажа за Слепче Пупунчевски од Слепче 76 години во брак Сателитски снимки од Слепче Репортажа за Слепче од „Мариово Филм“ Руската инвестиција за балетанки во Демир Хисар – „Гришко“ се проширува
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар