Голтничка согласка (фарингална) е вид на согласка што се создава при контакт на основата на јазикот со голтникот (фаринкс).
Табелаа на голтнички согласки Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве голтнички согласки:
МФА Опис Пример (сомалиски) Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-qmarkslash.png голтничка приближна согласкаcaadi нормален Податотека:Xsampa-Xslash.png безвучна голтничка струјна согласка xood бастун
Голтничките избувни согласки се сметаат за невозможни.
Иако традиционално се сместени во струјниот ред на табелата на МФА, гласот обично е приближна согласка. Самиот симбол е двосмислен, но не постои јазик со посебни струјни и приближни творби на ова место. Понекогаш начинот на творба се означува со дијакритички знак за снижување: .
Особености Голтничките согласки претежно се среќаваат во три географски подрачја: Северна Африка/Близок Исток (во семитските, берберските и кушитските јазици); на Кавказ (во северозападните и североисточните кавкаски јазици); и во Британска Колумбија (во салишките и вакашките јазици). Забележани се поретко и на други места, како што е јазик таманскиот јазик од нилосахарското семејство. Во финскиот се јавува слаба голтничка струјна согласка како реализација на по самогласките и на слоговниот завршеток, како на пр. [tæħti] („ѕвезда“), но бидејќи ова е чисто алофонска појава, гласот сепак се пишува со . Според теоријата за гласилките, праиндоевропскиот јазик може да содржел голтнички согласки.
Неодамна е објавено дека е пронајдена и надгласилно-голтничка творба.
Поврзано Голтник Гласилна согласка Надгласилна согласка Место на творба
Наводи
Категорија:Согласки