Мишел Којо Есиен — фудбалер од Гана кој игра за Челзи и за репрезентацијата на Гана. Тој е играч од средниот ред а може да игра и како дефанзивец. Есиен неговата кариера ја започна играјќи за Либерти од Гана. Во 2000 тој се пресели во клубот Бастиа од Франција. Есиен потроши три сезони во клубот појавувајќи се на 60 натпревари пред да се приклучи во Олимпик Лион во 2003. Во 2005, Есиен потпиша со Челзи за £24,4 милиони и, во моментот на потпишувањето беше најскапиот Африкански фудбалер во историјата. Во Челзи, Есиен помогна на клубот за освојување на премиер лигата во 2006 и 2010, три ФА Купови и еден Лига куп.Во 2008, тој се појави во финалето на лигата на шампионите. Тој ја освои наградата Челзи гол на сезоната двапати, во сезоните 2006-2007 и 2008-2009. Есиен е гански интернационалец.На младинско ниво, тој ја претставуваше неговата земја на Светското првенство под 17 години во 1999 и 2001 на Младинското светско првенство.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бастија Категорија:Фудбалери на ФК Лион Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на Милан
Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1982 година