Одејќи по својот пат е американски филм од 1944, режиран од Лио Мекери. Филмот е комедија-драма во која се обработува приказната за млад свештеник (Бинг Крозби) кој ја презема контролата на парохијата од нејзиниот основач (Бери Фитзџералд). Крозби пее пет песни во филмотGoing My Way. Следната година било снимено и продолжение на филмот именувано „Ѕвоната на Св. Марија“. Овој филм имал најголема заработка во 1944, рекорд кој останал непоразен до крајот на 1940-тите. По Втората светска војна, Бинг Крозби и Лио Мекери му однеле копија од филмот на ватиканскиот папа Пиј XII.
Награди
Одејќи по својот пат бил номиниран за 10 оскари, а освоил 7 од нив: Награда Резултат Победник Најдобар филм „Paramount Pictures“ (Лио Мекери, продуцент) Најдобар режисер Лио Мекери Најдобар глумец Бинг Крозби Најдобар глумец Бери Фитзџералд Најдобро сценарио, адаптација Френк Батлер и Френк Кавет Најдобра приказна Лио Мекери Најдобар глумец во споредна улога Бери Фитзџералд Најдобра кинематографија Лајонел Линдон победил Џозеф Лашили за филмот Лаура Најдобра монтажа Лирој Стоун Победила Барбара Меклин за филмот Вилсон Најдобра оригинална песна Swinging on a Star – Музика: Џејмс Ван Хаусен • текст: Џони Бурк
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1944 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови за христијанство