Дупјачани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба Дупјачани се наоѓа во Прилепското Поле, под северните огранки на планината Злато, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,9 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 16 км.
Селото се состои од двее маала: Горно и Долно Дупјачани.„Дупјачани“. OldPrilep. 15 октомври 2014.
Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845.
Стопанство Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 565,6 ха, пасиштата зафаќаат површина од 266 ха, а на шуми отпаѓаат 20,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 78 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 89.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дупјачани е поделено на Долно Дупјачани со 22 домаќинства и 107 жители Македонци, и Горно Дупјачани со 28 домаќинства и 132 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупјачани имало 300 жители Македонци христијани, а во Долно Дупјачани 100 жители исто така Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Дупјачани е село со 240 жители Македонци, а Долно Дупјачани како село со 120 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 155 жители, од кои 154 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 127 жители, од кои 124 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.
Родови
Дупјачани е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Дупјачани се:
Доселеници: Белоковци (6 куќи) доселени се од соседното село Десово кон крајот на XIX век, уште подалечно потекло имаат од селото Будаково; Тошевци (2 куќи) доселени се после родот Белковци од селото Тројкрсти, и таму се доселени однекаде; Пецевци (1 куќа) доселени се од селото Долнени, најпрво се населиле во Десово, па овде; Бучуковци (1 куќа) родот го основал Анѓеле, кој дошол со мајката после премажување на мајката во ова село, Анѓеле бил од селото Дреновци, таму припаѓале на родот Шиниковци; Поречани (4 куќи) доселени се во 1919 година од селото Лупште, Порече; Копиљаковци (3 куќи) и Крстановци (2 куќи) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, Дебрца; Дупевци (1 куќа) живееле секаде и во Ропотово, Кошино; Сливовци (2 куќи) доселени се во 1926 година од селото Сливово, Дебрца; Гличевци (1 куќа) доселени се од Горно Село, каде имаат истоимени роднини; Караџовци (1 куќа) доселени се од селото Забрчани, таму имаат истоимени роднини; Билимановци (2 куќи) доселени се од Сенокос; Сушичани (4 куќи) доселени се во 1954 година од селото Сушица, Порече.
Општествени установи Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.„Образование“. Општина Долнени. Освен тоа, во него има и пошта, земјоделска задруга и проавница.
Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.
Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1458 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.
Културни знаменитости Археолошки наоѓалишта Гробишта — некропола од римско време; Гробишта I — некропола од римско време; Лозја — населба од римско време; Петро Ливада — населба и некропола од римско време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Сурун — населба од римско време.
Иселеништво Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Митковци и Пецевци иселени се во Горно Село. Клацковци и Големковци иселени се во Мажучиште. Ќуфтевци иселени се во Селце. Има и неколку семејства иселени во Прилеп.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени