Архимед (287 - 212 год. п.н.е) — старогрчки математичар,физичар и инженер. Иако малку се знае за неговиот живот, тој е еден од најпочитуваните водечки научници во класичната антика.Покрај откритијата од областа на математиката и геометријата, тој е познат и по дизајнирањето на иновативни машини.Ги поставил и темелите на хидростатиката и го поставил принципот на лост, средство на кое се заснова механиката. Негов ран напредок е методот на пресметување на збир од неограничен ред кој и денеска се користи.
Историчарите од Стариот Рим покажале голем интерес за Архимед и пишувале сметки од неговиот живот и делата, додека пак неколку копии од неговите расправии кои биле зачувани претставувале влијателен извор на идеи за научниците од ренесансниот период.Архимед починал за време на опсадата на Сиракуза, бил убиен од страна на римски војник. По негово барање на надгробниоит споменик била направена резба со неговиот омилен математички доказ. Современите експерименти укажуваат дека тој изградил “смртоносен зрак“ кој од поголема далечина можел да потпали брод и дека конструирал направа која можела да потопи брод подигајќи го над вода. Откритијата од првично непознатите дела на Архимед во “Archimedes Palimpsest” тој покажува како ги добивал математичките резултати.Според Карл Фридрих Гаус Архимед бил еден од трите епохални математичари покрај Исак Њутн и Алберт Ајнштајн.
Живот Архимед е роден 287 г п.н.е. во Сиракуза, Сицилија во тоа време колонија во Голема Грција. Датумот на раѓање се заснова на тврдењето на византискиот историчар Џон Цецес според кое Архимед живеел 75 години. Во Пребројувач на песокот Архимед го нарекува својот татко Фидиј, астроном за кој ништо не се знае. Плутарх напиша во Паралелни животи дека Архимед бил поврзан со Кралот Хиерон втори, владетел на Сиракуза. Автобиографијата за Архимед била напишана од страна на неговиот пријател Хераклит но истата била загубена, оставајќи ги деталите нејасни. Не е познато на пример, дали Архимед бил оженет и дали имал деца. Најверојатно Архимед поминал дел од својата младост во Александрија, Египет каде бил современик на Конон од Самос и Ератостен од Cyrene.Тој го има споменато Конон од Самос како негов пријател, додека воведите од две негови дела(Пресметувач на песокот и Проблеми со добитокот) се посветени на Ератостен.
Архимед починал во 212 п.н.е. за врене на Втората пунска војна, кога романските сили предводени од генералот Marcus Claudius Marcellus го освоиле градот Сиракуза кој беше држен под двегодишна опсада.Според Плутарх, Архимед решавал математички проблем кога градот бил покорен. Римски војник му заповедал да се сретне со генералот Маркус но тој одбил велејќи дека претходно мора да го реши проблемот. Војникот се налутил и го убил Архимед со својот меч. Плутарх исто така дава и помалку позната варијанта за смртта на Архимед според која тој бил убиен во обид да се предаде на римски војник.Според оваа приказна, Архимед носел математички инструменти, и бил убиен поради тоа што војникот сметал дека се вредни предмети. Генералот Маркус бил налутен од веста за смртта на Архимед бидејќи тој претходно дал наредба според која тој не смеел да биде повреден.
Последните зборови на Архимед биле"Не ги растурајте моите кругови " кои се однесувале на математичките нацрти кои ги проучвал кога бил вознемирен од војникот. Овој цитат често се дава на латински како "Noli turbare circulos meos", но нема сигуран доказ дека тој навистина ги изговорил овие зборови бидејќи не се среќаваат кај Плутарх.
На гробот на Архимед бил изгравиран неговиот омилен математички дијаграм , којшто бил сфера во која имало цилиндар со иста висина и дијаmетар. Архимед имал докажано дека волуменот и површината на сферата се две третини од цилиндарот. Во 75 п.н.е. , 137 години после неговата смрт, римскиот оратор Цицерон бил на служба во Сицилија. Тој имал слушано приказни за гробот на Архимед, но мештаните не можеле да му ја дадат точната локација.По извесно време тој нашол запуштен гроб обраснат со грмушки во близина на Агригентинската порта. Тој го исчистил гробот и успеал да го види дијаграмот како и да прочита некои стихиви кои биле додадени како посвета.
Стандардните верзии за животот на Архимед биле напишани долго после неговата смрт од историчарите во Стариот Рим. Описот на опсадата на Сиракуза од страна на Полибиус во неговата "Универзална историја" беше напишан околу 70 години по смртта на Архимед а потоа беше користен како извор од Плутарх и Ливи. Во него се обрнува малку внимание на животот на Архимед, а фокусот е на воените машини за кои се смета дека Архимед ги направил за да го одбрани градот.
Откритија и пронајдоци мини|десно|280п|Опит кој прикажува реакциска сила кај Архимедовиот закон. Со ставање на шипката во сад со вода ставен на вага, се истиснува течност колку што е зафатнината на прачката, притоа зголемувајќи ја масата, па со тоа едниот тас натежнува. Треба да се забележи дека прачката не се става да тежи во чашата, туку тежината се зголемува само со вметнување на тело во водата. Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. мини|десно|300п|Архимедов навој Најпознатата анегдота за Архимед е за тоа како тој измислил метод за мерење на зафатнина на објект со неправилна форма. Според Витривуј нова круна во форма на ловоров венец била направена за кралот Хиерон II и од Архимед се барало да открие дали е од чисто злато или во круната имало додадено сребро. Тој морал да го реши проблемот без да ја оштети круната, па според тоа не смеел да ја истопи и да ја измери густината што било и наједноставното решение. Додека се бањал, тој забележал дека нивото на водата се зголемило кога влегол во неа. Тој сфатил дека може да го искористи овој ефект во одредувањето на зафатнината на круната, а според тоа и нејзината густина откако ќе ја измери. Густината на круната би била помала доколку поевтини и помалку густи метали биле додадени во неа. Тој заборавајќи да се облече истрчал надвор извикувајќи: "Еурека, најдов решение!"
Приказната за златната круна не се појавува во познатите дела на Архимед но во неговата студија За лебдечки тела тој го дава принципот познат во хидростатиката како Архимедов закон .Според него тело потопено во течност има толкава способност за лебдење колку што е тежината на поместената течност.
Иако Архимед не го откри лостот, тој ги има напишано најраните објаснувања во врска со него. Според Пап Александриски, неговата работа на лостовите го натерала да забележи:"Дајте ми место на кое можам да застанам и јас ќе ја поместам Земјата". Плутарх опишува како Архимед конструирал системи од трупци и јажиња, овозможувајќи им на морнарите да го искористат принципот со лостот за кревање на објекти кои поинаку не би можеле да се померат.
мини|десно|200п|Архимед забележал „Дајте ми каде да застанам и јас ќе ја поместам Земјата“ - Гравура од списанието Mechanics Magazine, објавено во Лондон, 1824 година
Голем дел од неговата работа во областа на инженерството произлезе од задоволувањето на потребите на родниот град Сиракуза. Грчкиот писател Атенеј од Навкртат опиша како кралот Хиерон втори му наредил на Архимед да конструира огромен брод, Сиракузија, којшто би бил употребуван за патување, пренесување на резерви и како воен брод.Тоа бил најголемиот брод изграден во тоа време. Според Athenaeus на него можело да патуваат 200 луѓе а вклучувал и градинарски декорации, фискултурна сала и храм посветен на божицата Афродита. Бидејќи со брод од ваква големин би течело големо количество на вода низ дното, тој создал завртка со цел да ја отстрани водата од дното. Тоа била машина со сечило во форма на штраф кој се врти во внатрешноста на цилиндар. Таа била придвижувана со рака и можела да се користи за пренесување на вода во канали за наводнување. Верзии на Архимедовата завртка сѐ уште се употребоваат денеска во земјите во развој.
Канџата на Архимед е уште едно оружје кое тој го дизајнирал за да го одбрани градот Сиракуза. Исто така позната како "тресач на бродови", канџата се состои од рака во форма на кран на која е продолжено метално сидро. Кога канџата ќе се фрли на нападнатиот брод, раката ќе се придвижи напред подигајќи го бродот од водата и потонувајќи го. Биле правени модерни експерименти за да се тестира канџата и во 2005 телевизискиот документарец Супероружја на античкиот свет изработи верзија на канџата и дојде до заклучок дека е употреблива.
Архимед исто така ја подобрил моќта и прецизноста на катапултот, а исто така го измислил мерачот на милји за време на Втората Пунска војна.Мерачот на милји беше опишан како механизам со брзини којшто испуштал топче во сад по секоја пропатувана милја.
Цицерон (106п.н.е.-43 н.е.) го споменува накратко Архимед во неговиот дијалог De la Republica којшто одсликува фиктивен разговор кој се одвива во 129 п.н.е. По падот на Сиракуза во 212п.н.е. војсководецот Марко се вратил во Рим со два механизма кои се гористеле во астрологијата и го покажувале движењето на Сонцето, Месечината и пет планети. Цицерон споменува слични механизми дизајнирани од Талес од Милет и Едокс од Книд.Според дијалогот Марко зачувал една од направите како свој сопствен плен а другите ги донирал во Храмот на доблеста во Рим. Направата на војсководецот Марко, според Цицерон, била демонстрирана од Гај Сулпикиј Гал на Лициј Фириј Фил кој ја опишал на следниов начин:"Кога Гал ја придвижи Земјината топка Месечината го следеше Сонцето со толку вртења на бронзената направа како и на самото небо, од кое на небото сончевата топка започна да го има истото затемнување, а Месечината дојде на положба во која беше во сенка од Земјата кога Сонцето беше во иста линија ".
Ова беше опис на планетариум. Пап Александриски истакна дека Архимед напишал ракопис(сега изгубен) за конструкцијата на овие механизми наречен За правењето на сферата. Модерната истрага во оваа област беше насочена на Антикитера механизмот, друга направа од античко време која најверојатно била дизјнирана за истата цел. Конструирањето на механизми од овој вид бара софистицирано познавање на различни направи. Во минатото се сметало дека ова е надвор од технологијата достапна во античко време, но откритието на Антикитера механизмот во 1902 потврдило дека направи од овој вид биле познати на Старите Грци.
"Смртоносен зрак" мини|десно|300п
Лукраин напиша дека за време на опсадата на Сиракуза ( 214-212 п.н.е) Архимед го одбил нападот од страна на Римските сили со стакло кое гори. Направата била употребена да ја насочи светлината кон брододвите кои се приближувале, запалувајќи ги. Кредибилитетот на ова тврдење, наречено “ смртоносниот зрак на Архимед“ е предмет на дебата сè до ренесансата. Рене Декарт го одбил ова тврдење, додека современите истражувачи се обидуваат да го рекреираат овој ефект со средствата кои му биле достапни на Архимед. Се смета дека големата површина на штитови од бронза или бакар во функција на огледала, може да се употребат за да ја насочат светлината на брод. Ова би го користело принципот на параболичниот рефлектор на сличен начин со сончевата фурна.
Во октомври 2005 група на студенти од Институтот за технологија од Масачусетс изведе експеримент со 127 квадратни плочки од 30 см, зацврстени на макета од дрвен брод на опсег од околу 30 м. Пламен изби на дел од бродот, откако небото беше без облаци и бродот остана неподвижен околу 10 минути. Беше заклучено дека оваа направа е употреблива под овие околности. Истата екипа го повтори експериментот за телевизиското шоу “Myth Busters “ користејќи дрвен рибарски брод во Сан Франциско како мета. Повторно се појави горење со мало количество на пламен. За да се запали, дрвото мора да ја достигне својата запалива точка, која е околу 300˚С (570˚F), а ова е потопло од максималната температура произведена од домашна печка. Кога “Myth Busters“ го пренесоја резултатот од експериментот во Сан Франциско во февруари 2006, тврдењето беше прогласено за неточно поради долгиот временски период и идеалните услови за негово реализирање.