Антонио Конте (роден во Лече, на 31 јули 1969) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Својата кариера ја започнал во 1982 година во клубот од родниот град, Лече, со кој дебитирал во Серија А во сезоната 1985-1986. По девет години поминати во Лече, тој се преселил во - еден од најсилните клубови во Италија - во 1991 година, и останал во овој клуб цели 13 години сè до своето завршување на играчката кариера во 2004 години. Со својте игри во текот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите години тој станал симбол на клубот заради неговата посветеност, истрајност и одлучност, а од 1995 до 2001 година бил и капитен на клубот. Со Јувентус, тој исто така, освоил и голем број на трофеи: пет скудета, еден Куп на Италија, четири Суперкупа на Италија, Лигата на шампионите во сезоната 1995-1996, Купот на УЕФА, Интерконтиненталниот Куп, Суперкупот на Европа и Интертото купот. За италијанската репрезентација, Конте одиграл 20 натпревари во периодот 1994-2000 и постигнал 2 гола. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1994 и Европското првенство 2000; и на двете првенства аѕурите стигнал и загубиле во финалето од и соодветно.

Сметан за еден од најдобрите активни тренери во светот, својата кариера на тренерската клупа ја започнал во во 2005 како помошник на Лујџи Де Канио, а својата прва работа како главен тренер ја имал во 2006 година, кога го водел Арецо, клубот од Серија Б. Својот прв позначаен успех како тренер го постигнал во сезоната 2008-2009 со екипата на Бари, кога ја освоил титулата во Серија Б и му донел на клубот од Апулија промоција во Серија А. Потоа ги водел и екипите на Аталанта и Сиена, а во 2011 година се вратил во старото јато преземајќи ја функцијата во Јувентус, каде израснал во голем тренер носејќи го клубот до три последователни шампионски титули во Серија А (нешто што претходно им успеало само на Каркано, Капело и Манчини, а последователно подобрено само од Алегри) и две во Суперкупот на Италија, во трите сезони на чело на бјанконерите. Од 2014 до 2016 година, тој бил селектор на италијанската репрезентација која ја водел до четвртфиналето на Европското првенство 2016. Од 2016 до 2018 година го тренирал , клуб со кој ја освоил Премиер лигата 2016-2017 и ФА Купот 2017-2018.

Биографија Конте е оженет со Елизабета Мускарело, со која биле заедно 15 години пред да се венчаат во јуни 2013. Парот има едно дете, ќерката Виторија.

Технички карактеристики

Играч Конте бил борбен и физички силен играч,. способен да го изненади противникот сместувајќи ја топката во мрежата со втрчувања во шеснаесетникот од втор план, одлика што честопати го правела одлучувачки на теренот: иако не се одликувал со големи технички квалитети, со текот на годините тој го подобрил својот дриблинг и контролата врз топката. Неговата првобитна позиција била централен играч од средниот ред, но подоцна под водството на Марчело Липи тој бил користен најчесто како дефанзивен играч од средниот ред, а заради неговата флексибилност и центаршут исто така бил користен и како десно крило.

Тренер Тренер со харизма и карактер, Конте ја започнал својата тренерска кариера користејќи ја и воспоставувајќи ја офанзивата формација 4-2-4, што довело да се стекне со почетната репутација на тактички „фундаменталист“ од експертите. Во наредните години, сепак, тој ја негирал оваа репутација, покажувајќи квалитет да ги менува тактичките шеми и идејата за играта, според играчите кои му се достапни во тимот; во оваа смисла, тој се определувал за формации кои се исто така офанзивни како 4-3-3, и 3-4-3, или повеќе затворени како 3-5-2 или 3-5-1-1.

Клупска кариера Лече

Инициран во фудбалот од неговиот татко Козимо, поранешен аматерски фудбалер, Антонио ја започнал својата кариера во Јувентина Лече од каде на возраст од 13 години бил продаден на за 200.000 лири и 8 фудбалски топки. Како дете тој играл фудбал на теренот на парохиската ораторија во "Сант'Антонио а Фулгенцио".

Конте фудбалски израснал во екипата од неговиот роден град, Лече, за која дебитирал во Серија А на 6 април 1986 година - на возраст од само 16 години и 8 месеци - под водството на тренерот Еуџенио Фашети во последните минути од натпреварот Лече-Пиза 1-1, заменувајќи го Родолфо Ваноли. По испаѓањето на клубот од Саленто од Серија А во сезоната 1985-1986, тренерот Фашети бил заменет со Карло Мацоне, кој се покажал одлучувачки за менталното и физичкото созревање на Конте а тој и покрај својата млада возраст за кратко време станува суштински елемент во тимот.

Во 1987 година, Конте ја скршил големата писка на десната нога, повреда што дури ја загрозила неговата понатамошна играчка кариера и поради која го пропуштил речиси целото првенство (одиграл само три натпревари) во сезоната 1987-1988, во кое салентините успеале да изборат промоција во Серија А. Конте се вратил на терените и забележал 19 настапи во одличната повратничка сезона на Лече во Серија А, во која клубот го освоил 9-тото место. Својот прв гол во кариерата - ќе се покаже и единствен во дресот на Лече - го постигнал во сезоната 1989-1990, на 5 ноември 1989 во поразот со 3-2 на гостувањето кај во Серија А. Во седумте сезони со салентините тој забележал вкупно 99 настапи, од кои 89 во лигата, и 1 гол.

Јувентус 1991-1996: првите успеси За време на неговата кариера во Лече, Конте го привлекол вниманието на тренерот на Џовани Трапатони, кој конечно во есенската трансфер-сесија во 1991 година, по 9 настапи во Серија Б за Лече, го довел Конте во клубот од Торино за 7 милијарди лири.. На 17 ноември, во десеттото коло од првенство, го направил своето деби со новиот тим во победата со 1-0 во дербито на Торино, влегувајќи во завршницата од натпреварот на местото на напаѓачот Салваторе Скилачи.

Во сезоната 1992-1993, тој станал важен шраф во тимот на Јувентус. На 16 септември 1992 година, на своето деби во Купот на УЕФА, го постигнал својот прв гол за бјанконерите во победата со 6-1 против кипарскиот Анротозис. На 10 април 1993 со два гола (негови први во Серија А со дресот на Јувентус) го решил градското дерби против , добиено од Јувентус со 2-1; ова бил прв и единствен натпревар во целата негова кариера во кој бил двоен стрелец. Својата втора сезона во Јуве, Конте ја завршил со 3 гола (2 во лигата и еден во Купот на УЕФА) и придонел за освојувањето на Купот на УЕФА. Во првиот натпревар од финалето против тој играл од почеток до крај, но во реваншот останал на клупата како неискористена замена. Јувентус ги добил двата натпревари со 3-1 во Германија и 3-0 во Торино и со вкупен резултат 6-1 ја освоил својата трета титула во ова натпреварување, прва за Конте во неговата кариера.

Во сезоната 1993-1994, Конте ги потврдил квалитетните партии од претходната сезона, исто така покажувајќи поплодна форма и постигнувајќи повеќе голови; тој постигнал 4 гола во Серија А во четири победи на Јувентус (против Сампдорија 3-1, Торино 3-2, Пјаченца 2-0 и Аталанта 1-3), помагајќи му на клубот да го освои второто место во првенството. Добрите игри му донеле на крајот од сезоната повик во репрезентацијата од селекторот Ариго Саки за Светското првенство 1994 во САД.

Со доаѓањето на Марчело Липи на клупата на Јувентус, Конте бил ангажиран во повеќе улоги во средниот ред, од кои некои не му се допаднале на играчот. Тој одиграл уште една одлична сезона постигнувајќи 3 гола (еден во првенството против Сампдорија и уште два во Купот на УЕФА) и давајќи придонес во освојувањето на двојната круна: скудетото и Купот на Италија, како и за пласманот во финалето на Купот на УЕФА во кое биле поразени од .

На 13 септември 1995, го постигнал својот дебитантски гол во Лигата на шампиони, во победата на бјанконерите со 1-3 на гостувањето кај . Неколку дена подоцна, на 18 октомври, тој го постигнал својот втор гол во Лигата на шампионите во победата на со 4-1 над Ренџерс. На 22 мај, тој го започнал во почетната постава на Јувентус финалето на Лигата на шампионите на Олимпико во Рим помеѓу против , но бил присилен да го напушти теренот рано уште во 44-тата минута поради физички проблеми, и бил заменет од Владимир Југовиќ; торинезите на крајот го освоиле пехарот славејќи победа по изведување на пенали, додека во соблекувалната Конте открил дека повредата е посериозна од очекуваната, спречувајќи го да учествува со репрезентацијата на Европското првенство 1996.

1996-2001: годините како капитен Во летото 1996 година, со заминувањето на „сенаторите“ Џанлука Вијали и Фабрицио Раванели, Конте станал капитен на тимот наследувајќи ја лентата од Вијали. Неговата прва сезона со лентата на раката, сепак, била многу жална. Откако се опоравил од повредата со која се здобил во финалето против Ајакс, во ноември тој повторно се повредил, овој пат уште посериозно, откако ги скинал предните вкрстени лигаменти на левата нога за време на натпреварот со репрезентацијата на Италија против . Повредата го присилила на операција во октомври и да го пропушти поголемиот дел од сезоната, со тоа не дозволувајќи му да се пофали дека бил протагонист во победите на бјанконерите во Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на УЕФА. Тој се вратил на теренот кон крајот на сезоната 1996-1997, забележувајќи три настапи во првенството и еден во Лигата на шампионите, пред да ја затвори сезоната со само 10 настапи и еден постигнат гол.

Конте се вратил во форма на почетокот од сезоната 1997-1998, започнувајќи ја со нов успех откако ја освоиле титулата во Суперкупот на Италија против , за која придонел со постигнувањето на третиот гол за Јувентус поставувајќи ги конечните 3-0 за бјанконерите. Осум дена подоцна, тој бил стрелец и на отворањето на новата сезона во Серија А во победата со 2-0 на домашен терен над неговиот поранешен клуб Лече, а исто така постигнал гол и во првиот натпревар на клубот во Купот на Италија против (1-1). Конечно не допрен од повреди во текот на оваа сезона Конте одиграл 44 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања и постигнал 6 гола, помагајќи му на клубот да освои уште едно скудето, трето лично за него во кариерата. Тој, исто така, играл во најголемиот дел од натпреварите во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалето - негово второ во кариерата - во кое влегол во игра од клупата за резерви на местото на Дидје Дешан во 77-мата минута во кое Јувентус бил поразен од со 1-0.

Сезоната 1998-1999 ја отворил на негативен начин, како на теренот поради поразот во Суперкупот на Италија од , така и надвор од него каде привремено ги загубил капитенските привилегии по изборот на соблекувалната, која гласала во корист на Алесандро Дел Пјеро; тој подоцна влегол во конфликт со тренерот Липи што резултирало да испадне од почетните единаесет. Во вториот дел од сезоната, кога Липи бил отпуштен и заменет со Карло Анчелоти на клупата на Јувентус, Конте веднаш се вратил во почетната постава: новиот тренер го репозиционирал во улога на централен играч од средниот ред, правејќи го недопирлив во својата 3-5-2 формација.

Мотивиран од обновениот статус на „водач“ кој му бил доверен, Конте ја искористил новата формација на тренерот почесто да се уфрла во нападот. Својте квалитети пред противничкот гол особено ги покажал во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, каде капитенот на Јувентус бил голем протагонист, возвраќајќи му за довербата на Анчелоти со 3 постигнати гола: на 3 март 1999 година тој го постигнал вториот гол за Јувентус во првиот натпревар од четвртфиналето против ; тој, исто така, постигнал гол и во возвратниот натпревар, на 17-ти истиот месец, носејќи му на својот тим израмнување (1-1) во последните минути што им овозможило на бјанконерите да го заверат пласманот во следното коло; конечно, на 7 април, Конте го довел Јувентус во водство во првиот натпревар од полуфиналето против што завршил 1-1. На крајот токму англиската екипа, во возвратниот натпревар, успеала да ги елиминира торинезите победувајќи на Деле Алпи со 2-3. На крајот од сезоната, Конте го изедначил својот рекорд на сезонски голови (7) утврден во претходната сезона.