Дарвинова награда () — шеговита награда создадена од Венди Норткат како признание за лицата што придонесуваат за човековата еволуција со тоа што самите се исфрлаат од генетскиот фонд ставајќи се беспотребно во ситуации опасни по живот. Овие почести се претставени во едиција од книги со придружен портал www.DarwinAwards.com (стилизиран како www.đar̆winĀwar̆ḍs.ćōm). Во делот „Правила“ се вели:

Ненамерната самостерилизација исто така влегува во конкуренција, но, според порталот: „По сила на нештата, наградата обично се доделува посмртно“. Меѓутоа лицето се исклучува од конкуренција доколку поради него животот го изгубат и „недолжни минувачи“ што веројатно имаат позитивен удел во генетскиот фонд.

Во книгите се вели дека се прават усилби за исклучување на познати урбани легенди, но некои постари добитници се водат по старите правила за да си ги задржат наградите. ПорталотДарвинови награди - Венди Норткат секогаш се труди да ги провери сите раскажани случки што ги добива, но многу слични портали, како и највеќето приказни што се препраќаат по е-пошта се претежно измислени.Расправа за Дарвиновата награда на snopes.com

Историја Наградите кружат по мрежите на Usenet уште од 1985 г. Во архивската граѓа на Usenet, Дарвиновата награда за првпат се споменува на 7 август 1985 во контекст на случката со наслов Vending Machine Tipover („Превртување на продажен автомат“)Vending machine tipover и 7 декември 1990 како JATO Rocket Car (урбаната легенда за ракетниот автомобил JATO)Ракетниот автомобил JATO. Легендата за автомобилот добила широка циркулација по е-пошта во периодот од 1995–97 г.

Правила Конкурентите за наградата мора да исполнат пет услови:

Неможност за пород Кандидатот мора да е мртов или да завршил стерилен. Ова понекогаш е спорно. Некои лица може да се вон генетскиот фонд поради старост, а други може веќе да имаат деца. За да се избегнат понатамошни приговори заради можноста за вонтелесно оплодување, вештачко оплодување или клонирање, во првата книга се вели дека конкурентот треба да помине на „тестот на пуст остров“: Лицето се смета за стерилно доколку не може да направи пород ако е заглавено на пуст остров со плодно лице од спротивниот пол. Добитниците или треба да се починати, или да не можат да ги користат половите органи.

Извонредност Запрепастувачки лекоумно расудување. Глупоста на конкурентот мора да биде од досега невиден тип и да биде сензационална, веројатно бидејќи наградената случка сепак треба да е смешна. Тука не се вбројуваат низа глупави но сепак чести активности како што е пушењето во кревет.Одделот „Правила“ вели: „Следниве не се за Дарвинова награда (но сепак се опасни): Буткање по електрични жици Пушење во кислороден шатор Да те прегази воз или автомобил Спрејови во рерна Прекачување во кафези во зоолошка Паѓање во провалија при позирање или мочање Труење со јаглерод диоксид Највеќето автоеротски смртни случаи сите тие се премногу чести!“. Проверено на 19 август 2009 За разлика од ова, подобна ситуација е онаа како во случајот со човекот што се запалил пушејќи цигара откако во болница го намачкале со маст која била запалива и изречно му рекле да не пуши.Догорен Во оваа категорија влегува и едно „почесна“ случка (човекот што се обидел да се самоубие земајќи нитроглицерински таблети, а потоа пробал да ги детонира трескајќи се во ѕид со затрчување), која е заведена иако е намерна и самонанесена (што инаку е основа за дисквалификација).Феноменална - 2001 At-Risk Survivor

Самонанесување Лицето мора самото да е одговорно за несреќата. Ако некој убие другар со граната, чинот не му дава право на конкуренција за наградата. Случката ќе биде конкурентна доколку лицето самото се убие при изработка на направа за чистење на оџаци од граната. За да се додели Дарвинова награда, жртвата мора да биде конкурентот, а не некое друго лице.

Зрелост Способност за здраво размислување. Лицето мора да биде барем на возраст за да има возачка дозвола и да не биде умствено заостанато. Покрај ова, во некои случаи лицето може да биде и нешто помладо, но тогаш неговите врсници мора да сметаат дека постапката на лицето била вонразумска.

Веродостојност Случката мора да се потврди. Случката мора да биде документирана од меродавни извори: доверливи статии во весници, потврдени ТВ репортажи или разумни очевидци. Оние за кои ќе се утврди дека се вистинити се исфрлаат од конкуренција, но особено смешните измислени случки се ставаат во одделот за урбани легенди. Многу вакви измислени случки се заведени на порталот во одделот „Лични прераскажувања“ (Personal Accounts).

Како неформализирани правила важат и следниве услови: лицето не смее да загрози недолжни минувачи, а случката мора да е предизвикана без свесна намера (за да се спречат оние што се спремни да си нанесат повреди само за да се прослават).

Примери

Еве некои примери за добитници на Дарвиновата награда: Жонглирање со активни гранати (Хрватска, 2001)Жонглирање со гранати Оставање на запалена цигара во склад полн со експлозиви (Филипини, 1999) Три палестински терористи не сакајќи се дигнале во воздух бидејќи бомбите што сакале да ги постават во Израел биле наместени на палестинско летно време (еден час понапред) (Израел, 1999)Живот по „ционистичко време“ Снимателот што скокнал од авион со намера да снима падобранци, заборавајќи дека самиот нема падобран (САД, 1987)Падобранство без бадобран Ѕиркање со запалка во цевка на наполнета пушка со предно полнење (САД, 1996)Поглед во цевка од пушка Проверување дали резервоарот е празен со запалка (Бразил, 2003)Работа во автоперална Обид за играње на руски рулет со полуавтоматски пиштол, не знаејќи дека следниот куршум се полни самиот (САД, 2000)Обука за безбедност при ракување со оружје Обид за играње на руски рулет со неексплодирана нагазна мина Адвокатот што прелетал преку прозорското стакло и паднал долу мртов сакајќи да докаже дека стаклото не може да се скршиВоздухопловен адвокат

Порталот наведува и „почесни“ случаи, каде лицата ги преживеале незгодите без притоа да ја изгубат можноста за пород. Ваков пример е Лери Волтерс, кој приврзал хелиумски метеоролошки балон за балконска лежалка и одлетал далеку над градот Лонг Бич во јули 1982. Летајќи достигнал височина од 4.900 м, поради што подоцна морал да плати казна за навлегување во контролиран воздушен простор. Друг почесен случај се двајцата што во 2001 се обиделе да му ја обијат куќата на фудбалерот-насилник Данкан Фергусон (кој бил четири пати осудуван за извршен напад и одлежал шестмесечна затворска казна). Кога ги забележал фудбалерот, едниот од крадците завршил на тридневна хоспитализација.http://darwinawards.com/stupid/stupid2001-04.html

Посебни победници Секоја година се избира по еден добитник што се прогласува за „најславен“ од сите. Во 2007, оваа чест ја имал човекот што починал од алкохолно труење откако побарал анално да му вбризгаат две 1,5-литарски шишиња шери.

Во популарната култура Филмот „Дарвинови награди“ што се заснова на наградата.

Поврзано Сеир Дарвинизам Стелина награда Самоубиство Злорадост

Наводи

Библиографија Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Evolution in Action, Dutton Adult, 19 октомври 2000. ISBN 0-525-94572-5 Wendy Northcutt, The Darwin Awards II: Unnatural Selection Dutton Adult, 29 октомври 2001. ISBN 0-525-94623-3 Wendy Northcutt, The Darwin Awards III: Survival of the Fittest, Dutton Adult, 9 октомври 2003. ISBN 0-525-94773-6 Wendy Northcutt, The Darwin Awards IV: Intelligent Design, Dutton Adult, 24 октомври 2006. ISBN 0-525-94960-7 Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Next Evolution, Dutton Adult, 30 октомври 2008. ISBN 0-525-95085-0 Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Countdown to Extinction, Dutton Adult, октомври 2010. ISBN 978-0-525-95191-9

Надворешни врски Портал на Дарвиновата награда Интервју со Венди Норткат

Категорија:Шеговити награди