Ошац () — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 60 километри источно од Лајпциг и 60 километри западно од Дрезден.
Географија Местоположба и клима
мини|лево|Климатски дијаграм за Ошац
Ошац се наоѓа во саксонските низини на бреговите на реката Делниц, која се влева во реката Елба, како лева притока 15 километри понатаму, близу Риза. Ошац се наоѓа близу шумските региони на Даленер Хит, како и Шумата Вермсдорф и Колмберг. Соседни општини и градови се: Либшицберг, Штрела, Риза, Штаухиц, Наундорф, Вермсдорф и Дален.
Просечната температура во Ошац е околу 8,6 °CDeutscher Wetterdienst: Mittelwerte der Temperatur in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen (ZIP-Datei, 51 KB), додека годишната количина на врнежи е околу 570 милиметри.Deutscher Wetterdienst: Mittelwerte des Niederschlags in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen (ZIP-Datei, 343 KB) <div style="clear:left">
Окрузи
Административниот округ на градот Ошац се состои од 14 дела:
Клајнфорст Алтошац Флигерхорст Лојбен Лимбах Лоневиц Маншац Мерквиц Рехау Шморкау Штриза Талхајм (со Залхаузен и Крејша) Цешау Челау
Историја
Површината на денешниот град била населена од неолитски времиња. Името Ошац доаѓа од лужичкиот збор за засечено место. Првите пишани докази биле во 1200 со името „Johannes de Ozzetz“, меѓутоа поврзаноста со Ошац е непотврдена. Првото потврдено спомнување на градот е од 1238, кога Ozzechz е спомнат во документ од Хајнрих фон Мајсен. Најстариот документ најден во градските архиви е писмо од бискупот Конрад од Мајсен, со датум од 1246. Во 1344 била организирана народна армија за градовите Ошац, Торгау и Грима и бил вработен учител во 1365. Градот ги добил правата за организирање пазар во 1394.
Галерија
Меѓународни односи
Ошац е збратимен со следниве градови:
Бломберг, Германија Филдерштат, Германија Старогард Гдањски, Полска Тшебич, Чешка Венисе, Франција
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Северна Саксонија Категорија:Општини во Саксонија