Јута Клајншмид (родена 29 август, 1962) е германски натпреварувач на теренски трки со автомобили. Таа е позната по многубројните учества на релито Дакар, а особено по нејзината победа на релито во 2001, станувајќи првата жена со победа на релито.

Таа е родена во Келн, Германија, а пораснала во Берхтесгаден, Горна Баварија. Таа студирала физика на факултетот Исни Политекс, а потоа работела во BMW. Своето прво учество на релито Дакар го имала во 1988, возејќи со BMW мотор. Во 1994, таа се префрлила на категоријата коли, и во 1997, таа станала првата жена со победа на патека. Следната година таа се искачила на подиумот, а во 2001, таа станала првата жена победник на релито.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Родени во 1962 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Келн Категорија:Возачи на релито Дакар