Ларце — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри југоисточно од Тетово. Селото лежи на горното течение на реката Суводилица, на северните падини на Сува Гора. Во близина на Ларце се селата Добарце и Чифлик.

Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 138 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 90 куќи со 562 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Население

По Балканските војни е забележано со 400 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.868 жители, од кои 5 Македонци, 1 Турчин, 1.859 Албанци, 1 Бошњак и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.850 жители, од кои 1.804 Албанци и 46 лица без податоци.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2100 и 2101 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.790 гласачи.

Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Ларце на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино