Палатица — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија Селото се наоѓа во Долни Полог. Во близина на селото Палатица се наоѓаат селата Сараќино, Озормиште и Требош, со кое е скоро споено. Палатица е рамничарско село и е во близина на градот Тетово.

Историја Во XIX век селото било дел од Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Палатица живееле 16 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Палатица — село во Шемшовска општина во Долнополошкиот срез и имало Албанци и Македонци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Според пописот од 2002 година селото има 2.516 жители, од кои 6 Македонци, 2.501 Албанец, 1 Турчин и 8 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.432 жители, од кои 1.351 Албанец и 81 лица без податоци.

Општествени установи

ОУ „Фан Ноли“ - Палатица — селското основно училиште.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2090, 2090/1, 2091 и 2091/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.772 гласачи.

Личности Ќенан Алиу (р. 8 ноември 1966) - македонски политичар, портпарол на ПДП и градоначалник на Општина Желино. Шеваљ Етхеми - познат како Командант Ваљони. Воен функционер на АРМ, поранешен командант на ОНА.

Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Палатица на Карти на Гугл Фотографии на Палатица

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино