Букојчани — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во регионот Горно Кичево во подножјето на планината Буковик, оддалечено 14 километри северно од Кичево.
Историја Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 441.
Население
Во 1873 година било забележано дека во селото има 8 домаќинства и 29 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 г. имало 180 жители христијани (Македонци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224. Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 240 жители.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Букојчани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според податоците од 2002 година, во селото има 97 жители, од кои: 23 Македонци и 74 Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 8 Македонци, 14 Албанци и 3 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно1948—————————162195316519—————1—185196118528———————213197118030———————210198112936—————3—168199155————————5519944749———————9620022374———————972021814——————325
Родови Букојчани е македонско село.
Родови во селото се:
Староседелски: Вељановци (9 к.), Ридовци или Радичевци (3 к.), Сибиновци (3 к.), Марковци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Вујовци (3 к.) Доселенички: Шендевци (4 к.) и Стојановци (3 к.) доселени се од Белица во Копачка.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
Староседелски: Лазевци (5 к.) и Мијајловци (4 к.) Доселенички: Стојановци (2 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Радичовци (1 к.) доселени се однекаде.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Галичник, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
Личности Бранко Наумоски (1951 - ) - македонски правник, омбудсман и уставен судија; Војо Стојановски (1949 - 2014) - македонски пејач; Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк-пејач; Билјан Стојановски - македонски фолк-пејач;
Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Букојчани на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево