Колари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Колари се наоѓа во областа Горно Кичево, меѓу планините Буковиќ (на север) и Бистра (на југ). Селото е во близина на Зајаска Река.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 39 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.204
Според податоците од 1873, во селото имало 41 домаќинство со 100 жители Албанци муслимани и 38 Македонци христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Колари живееле 180 жители, од кои 160 Албанци и 20 Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колари имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Колари се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 880 жители, од кои 879 Албанци и 1 Македонец.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 421 жител, од кои 388 Албанци и 33 лица без податоци.
Родови
Колари е албанско село.
Родови во селото се: Руга (25 к.) се делат на Садиковци и Азисовци. Потекнуваат од двајца браќа доселени од областа Матија во Албанија Во родот Садиковци се знае следното родословие: Сеадин (жив на 50 г. во 1961 година) Меџит-Селман-Мифтар-Садик, основачот на родот кој се доселил, тоа било почетокот на XIX век; Чурчиај (4 к.), Уковци (24 к.), Браовци (9 к.), Јаовци (6 к.), Кепа (5 к.) и Лановци (4 к.) доселени се во различен период од соседното село Зајас. На сите родови подалечно потекло им е од Матија во Албанија.
Личности Личности починати во Колари:
Трајко Стојаноски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 821 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 977 гласачи.
Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Колари на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево