Страхојадица () — село во Општина Зелениково, Скопско.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Торбешија, на десниот брег на Вардар и над Таорската Клисура. Пределот е рамничарски, со надморска височина од 340 м, а атарот зафаќа површина од .

Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, заведено под името Стракабче, со 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 22 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 52 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 171 жител.

Во XIX век Страхојадица било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населението на Стракојадица се состоело од 240 жители Арнаути муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.208.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 153 жители.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Страхојадица (Strahojadica) како албанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.

Стопанство Селото има полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. има 152 ха обработливо земјиште и 220 ха шуми.

Население

Интересен е податокот што пописот од 1953 година вели дека селото се состоело од 243 Турци, 6 Роми и 2 останати. Во текот на 1950-тите бројот на Турци се преполовил, а другата половина жители станале Албанци. На пописот од 1971 г. имало 200 жители, од кои 197 биле Турци (Торбеши), а само 2 Албанци. Во текот на наредните години, бројот на изјаснетите Турци опаднал на 49, а останатите 176 се изјасниле како Албанци.Страхојадица — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Оттогаш натаму не е попишан ниеден Турчин, туку само Албанци и неколкумина останати.

Според пописот од 2002 година, во селото Страхојадица живееле 268 жители, од кои 267 Албанци и 1 Македонец. Следува табела на националната структура на населението во 2002 г.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 735 жители, од кои 281 Македонец, 225 Албанци, 1 Турчин, 2 Срби, 182 Бошњаци, 1 останат и 43 лица без податоци.

Вистинскиот број на жители во 2021 година изнесувал 191 жители, со 33 домаќинства и 35 објекти во самото село. Останатите 544 жители се однесуваат на делот од атарот каде што се простираат дел од куќите на селото Железничка станица Зелениково.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.

Родови Страхојадица е мешано село, но според истражувањата од 1950 година селото било чисто албанско. Родови во селото:

Доселеници: Селимлар (9 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Се сметаат како први селски доселеници. Овде се доселени од селото Гумалево, каде имаат роднини наречени Исалар; Раманлар или Мезин (9 к.) потекнуваат од областа Малесија во северна Албанија. Припаѓале на фисот Круја Зи. Од таму се иселиле кон крајот на 18 век двајца браќа, Раман Ага и уште еден со непознато име. Раман се населил најпрво во селото Зелениково, а од таму преминал во селото Гумалево. Во овој род се знае следното родословие. Али (жив на 74 год. во 1950 година) Шаќир-Алија-Дурмиш-Раман, кој се доселил од северна Албанија; Кравалар (7 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од таму најпрво се населиле во селото Гумалево, каде имаат роднини (Пилелер), а потоа прешле во селото Страхојадица.

Општествени установи Страхојадичка џамија Подрачно училиште на ОУ „Марко Цепенков“ - Зелениково со настава на албански

Иселеништво Албанското население од селото се иселувало во Скопје, а некои и во Турција.

Наводи

Надворешни врски