Ново Село — село во Општина Велес, средишна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото е сместено во рамницата на левиот брег на Вардар, меѓу Каратманово на север и Велес на југозапад. Лежи на надморска висина од 400 м. Атарот е мошне мал, со површина од само .
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ново Село-Исток (Novo-Selo-Est, за да се разграничи од другото велешко Ново Село, означено како Ново Село-Запад) било село со 14 домаќинства од 59 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 180-181.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ново Село било село со 156 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156
На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село имало 128 или 200 Македонци под егзархијата (едниот податок е за Ново Село во Чашка, но не е јасно кој).Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119. Според тајна преписка на Бугарскиот конзулат во Скопие, во 1907 г. 28 од 43 куќи во селото ја признале Цариградската патријаршија под притисок на српската пропаганда, но по Младотурската револуција во 1908 г. истите се вратени под Бугарската егзархија.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 298, 302.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Населението на Ново Село приметно опаднало во повоениот период и продолжило да се намалува. Најзначаен пад е забележан во текот на 1950-тите, веројатно поради индустријализацијата и преселбата село-град. Целосно е иселено во 1970-тите откако на пописот во 1971 г. е забележан само еден жител. Според пописот од 2002 година, Ново Село немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Родови По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Македонски
Доселеници: Богојевци (4 к.), Караѓоргевци (5 к.), Хаџиовци и Ботовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.) сите биле стари доселеници од селото Каратманово во Овче Поле; Џидимирлије (1 к.) доселени од селото Џидимирци. Кај нив имало и домазет Стојан Сандевиќ од селото Уланци; Андовиќ (1 к.) доселени од Раштани.
Личности Родени во Ново Село Пане Патрушов — револуционер на ВМРО, четник на Димитар Ничев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.47
Починати во Ново Село Благој Ѓорев (1922-1942) — партизан и деец на НОВМ
Иселеништво Селото е целосно раселено. Населението е иселено во градот Велес.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес
Категорија:Раселени села во Македонија