Сливник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба Сливник се наоѓа на западниот дел на подрачјето на Општина Велес во средното сливно подрачје на реката Тополка. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 440 метри, а од градот Велес е оддалечено 10 километри. Атарот зафаќа површина од 2,6 км2.
Историја
Стопанство Економски Сливник егизистира исклучиво од земјоделство (полјоделство и сточарство). Од полјоделските култури најзастапени си житните (пченица и пченка) и градинарските култури, а од стоката претежно се одгледува крупен добиток. Во текот на зимата, голем број овчари со своите многубројни стада презимуваат во трлата во Сливник и околните села.
Население
Сливник според бројот на своите жители е средно по големина и е едно од неколкуте велешки села, населени со Албанци, со голем и константен пораст на своето население.
Според пописот од 2002 година, селото Сливник брои 444 жители, од кои 443 Албанци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 677 жители, од кои 637 Албанци, 1 Србин и 39 лица без податоци.
Родови
Сливник е албанско село, а имало и Бошњаци во минатото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Албански
Доселеници: Шаиновци, Реџовци, Алимови и Џаферови (15 к.) доселени се од селото Горно Јаболчиште, а подалечно потекло од Горна Река; Емрулови (4 к.) доселени се од селото Долно Јаболчиште. Подалечно потекло од Горна Река.
Бошњачки
Доселеници: Калешиќи и Лекпековци (6 к.) доселени се во 1957 година од околината на Нови Пазар.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 363 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Долни Сливник — населба од доцноантичко време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес