мини|десно|исправено=1.8|

Кантонски јазик (广州话 / 廣州話, мктр. гуангџоу хуа = „гуангџоуански јазик“) — јазик со потекло од околината на градот Гуангџоу (Кантон) на југот на Кина и се смета за престижно наречје на јазикот јуе.

Во континентална Кина, кантонскиот е лингва франка во покраината Гуангдунг и некои околни подрачја како источниот дел на покраината Гуангси. Покрај овие подрачја, јазикот е главен јазик во секојдневниот живот во Хонгконг и Макао. Кантонскиот е мошне застапен во кинеската дијаспора во југоисточна Азија (како Сингапур и Божиќниот Остров), САД, Канада, Бразил, Перу, Куба, Панама, Австралија и Нов Зеланд, како и извесни делови од Европа, па така претставува најговорен кинески јазик по мандаринскиот.

Поимот „кантонски“ се однесува на престижното наречје на Кантон, но честопати се употребува и во поширока смисла, за целата група јуе, вклучувајќи ги блиските наречја како тајшанското.

Јазикот се смета за дел од културниот индентитет на неговите говорници во поголеми подрачја на јужна Кина, Хонгконг и Макао. Иако дели многу зборови со мандаринскиот, овие два јазика не се заемно разбирливи, претежно поради изговорот и граматичките разлики, како и употреба на историски утврдени зборови во кантонскиот. Најзабележлива е разликата во пишувањето, кое изгледа исто, но се изговара прилично различно.Cantonese: a comprehensive grammar, p.5, Stephen Matthews and Virginia Yip, Routledge, 1994Cantonese as written language: the growth of a written Chinese vernacular, стр. 48, Donald B. Snow, Hong Kong University Press, 2004

Културна улога Говорниот кантонски има разни регионални и локални наречја, а доста од нив се заемно неразбирливи. Највеќето ретко се среќаваат вон матичните подрачја, но некои од нив се говорат и во странство. Почнувајќи од 1909 г, главен јазик ширум сета Кина е мандаринскиот, кој се употребува образованието, медиумите и службеното општење, но постојат неколку телевизии и радиостаници на кантонски јазик. Иако бројот на луѓе што го говорат кантонскиот јазик е релативно мал, тој е сепак несразмерно повеќе застапен по светот, што се должи претежно на големата стапка на иселување на жителите од тие краишта.

Кантонскиот е главен говорен јазик во Хонгконг и Макао. Покрај тоа, застапен е и во политичкиот живот, па со тоа и едиствениот немандарински јазик о земјата со ваква важна улога. Ова е воедно и најзастапениот облик на кинескиот јазик што се среќава во западните земји.

Јазикот има своја варијанта на поп-музика наречен „кантопоп“. Во Хонгконг претежно се слуша музика на кантонски јазик, па затоа многу музичари од остатокот од Кина и Тајван го учат јазикот и снимаат кантонски верзии на нивните песни.

Особености Кантонскиот е тонски јазик. Има најразвиена книжевност по класичниот кинески и мандаринскиот. Бидејќи се користи претежно во Хонгконг и во дијаспората, правописот е традиционален, со извесен број на дополнителни знаци што не се присутни во стандардниот мандарински.

Романизација Романизацијата на кантонскиот се води по нагласокот во Гуангдунг и Хонгконг, и одиграла улога во утврдувањето на стандардниот кантонски јазик. Најважни системи се Бернет–Чао, Мејер–Вемпе, владината „романизација на гуангдуншкиот“, Јејл и јитпинг. Најзастапени од нив на светско ниво се последните две.

Поврзано Кантонци Кинески јазик Јуе (јазик) Традиционално кинеско писмо Македонска транскрипција на кантонскиот јазик

Наводи

Надворешни врски

Научете кантонски јазик (со двонасочен речник) Основен курс по кантонски - Институт за надворешни работи на САД 粵音檢字法 cantoneseAID

Категорија:Јазици во Кина Категорија:Јазици во Малезија Категорија:Јазици на Филипините Категорија:Јазици во САД Категорија:Јазици во Канада Категорија:Јазици во Австралија Категорија:Јазици на Нов Зеланд