„Храбро срце“ (англиски: Braveheart) — американски историски филм (од жанрот драма) од 1995 година, режиран и прооизведен од Мел Гибсон. Сценариото било напишано за филмот, а потоа било изработено и како роман од страна на Рендал Волес. Филмот го прикажува животот на Вилијам Волес, воин од XIII век, кој ги предводел Шкотите во Првата војна за независност на Шкотска против кралот Едвард I од Англија. Главните улоги ги толкуваат: Мел Гибсон и Софи Марсо (Sophie Marceau), Кетрин Мекромак (Catherine McCromack), Патрик Мекгунан (Patrick McGoonan), Ангус Мекфејден (Angus Macfayden), Питер Хенли (Peter Hanly), Брендан Глисон (Brendan Gleeson), Дејвид О'Хара (David O'Hara), Томи Фланаган (Tommy Flanagan) И Брајан Кокс (Brian Cox). „Храбро срце“ е вториот филм што го режирал Гибсон, а постигнал голем успех: имал десет номинации на 68. доделување на „Оскар“, а освоил пет награди, меѓу кои и Оскар за најдобар филм и Оскар за најдобар режисер и за фотографија. Исто така, филмот ја освоил и наградата „Златен глобус“ во категоријата за најдобра режија.A Oscara dobiva...: Hrabro srce, američki film (1995.) (пристапено на 25.3.2022)
Содржина Во едно шкотско село во XIII век, момчето Вилијам Волес (го игра Гибсон) сведок на смртта на својот татко и на постариот брат, кои им се приклучиле на востаниците во борбата против англискиот крал. Тогаш, грижата за неговото воспитување ја презема еден учен човек, кој ќе го научи Вилијам латински и француски јазик. Години подоцна, англискиот крал Едвард Први на англиските благородници им го доделува правото на првата брачна ноќ, според кое, секој земјопоседник има право да ја помине првата брачна ноќ со невестата која штотуку се омажила. За да го избегне ова понижување, Вилијам тајно се венчава со саканата девојка Марион, која подоцна ја убиваат англиските војници. Потресен од загубата на саканата, Волес започнува борба против англиските насилници, кја постепено се претвора во војна за ослободување на Шкотска. За таа цел, тој се обидува да ги обедини шкотските благородници, но во одлучувачката борба, некои од нив го напуштаат боиштето. Така, тој е заробен и одведен во Лондон, каде што е убиен пред очите на јавноста.„Храбро срце“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 15.„Храбро срце“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 13.
Надворешни врски
„Храбро срце“ на „Metacritic“ Критика за „Храбро срце“ на Роџер Еберт
Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Американски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Историски филмови Категорија:Воени филмови Категорија:Филмови снимени во Шкотска Категорија:Филмови снимени во Република Ирска Категорија:Филмови на Paramount Pictures Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Биографски филмови Категорија:Шкотски војни за независност Категорија:Филмови на Мел Гибсон Категорија:Филмови со Мел Гибсон Категорија:Филмови со Софи Марсо