мини|Ледецки пред нејзината последна средношколска трка Кетлин Ледецки (родена на 17 март 1997) е американска пливачка која е специјализирана во дисциплината краул и таа е освојувач на златен медал од Летните олимписки игри 2012. На своето олимписко деби во Лондон, Ледецки го освоила златото во трката на 800 метри краул со второ најбрзо време на сите времиња. Таа е американски рекордер на 800м краул.

Летни олимписки игри 2012

На изборното натпреварување на САД за Летните олимписки игри во Омаха, Небраска, нејзиното прво големо натпреварување, Ледецки се приклучила на олимпискиот тим на САД за ЛОИ 2012 со победата на трката на 800 метри краул со време од 8:19.78, кое било за две секунди побрзо од времето на второпласираната Кејти Ѕиглер. Во Омаха, Ледецки исто така се пласирана трета на 400 метри краул (4:05.00) и деветта на 200 метри краул (1:58.66). На 15 години, таа била најмладиот член на Американскиот олимписки тим, вклучувајќи ги спортистите од сите спортови.Associated Press, " More Women Than Men on U.S. Team," The New York Times (10 јули 2012). Retrieved 11 јули 2012.

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Ледецки го освоила златото во дисциплината 800 метри краул, со предност од четири секунди пред второпласираната Миреја Белмонте Гарсија и време од 8:14.63. Времето на Ледецки било второ најбрзо време на сите времиња и било послабо само од светскиот рекорд на Ребека Адлингтон од 8:14.10 поставен во 2008.Лондон 2012, "Women's 800m Freestyle," london2012.com (3 август 2012). Retrieved 3 август 2012. Воедно, таа го срушила американскиот рекорд на Џенет Еванс од 8:16.22 поставен во 1989 година.

Лични рекорди Од 3 август 2012 година ДисциплинаВремеМестоДатумБелешка 200 м краул 1:58.66 Омаха 27 јуни 2012 400 м краул 4:05.00 Омаха 26 јули 2012 800 м краул 8:14.63 Лондон 3 август 2012АМ, НР

Наводи

Надворешни врски

Katie Ledecky – Биографија на USASwimming.org Katie Ledecky – Информации на London2012.com Katie Ledecky – Профил на Кејти на мрежното место на училиштето Стоун Риџ

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски пливачи