Драдња — мало село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

300п|лево|мини|Панорама на населбата Голеш

Селото се наоѓа во западниот дел од Општина Кавадарци, на северозападната страна на Тиквешкото Езеро, до коешто се протега и атарот на селото. Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.

Атарот зафаќа површина од 10,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 572,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 284,3 хектари, а на обработливото земјиште 81,2 хектари.

Селото се наоѓа на пространа тераса. Селото било христијанско и од збиен тип. Било поделено на Присојно и Осојно Маало, а на средина се наоѓало сретселото.

Во поново време во атарот на раселеното село, е подигната викенд-населбата Голеш крај Тиквешкото Езеро.

Историја

150п|мини|десно|Загинатите драдњанци за време на НОБ

Во текот на отоманскиот период, селото било од получифлички тип со беговска кула во Осојното Маало.

Во век, Драдња било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

За време на Народноослободителната борба, неколку жители на Драдња се бореле и загинале во текот на борбите. Тие биле Косто Бојков, Трајко Манев, Крсте Миов, Перо Минов, Блажо Недев и Стеван Трајков. Во чест на нив, бил подигнат споменик во селото во 2003 година.

Стопанство

Селото нема развиена стопанска функција.

Селото се занимавале повеќе со сточарство, отколку со земјоделство.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драдња имало 260 Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154 По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драдња имало 304 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци. мини|300п|десно|Дотрајана куќа во селото Селото е мало и во фаза на целосно раселување. Во 1961 година, селото броело 159 жители, а во 1994 година само тројца жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Драдња имало 3 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови

Како родови во Драдња се споменуваат: Старинци: Стојчевци (3 к.), Соколовци (5 к.), Полендовци (9 к.), Писковци-Дуневци (5 к.) и Овчовци (3 к.) Доселеници: Галабовци (5 к.) доселени се на крајот од XVIII век од селото Дреново; Дипиновци (6 к.) доселени се од селото Галиште во Мариово.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Галиште, Грбавец, Добриште, Дреново и Драдња.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Драдња се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0698 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Шешково, Драдња, Галиште, Праведник и Возарци, кое е сместено во основното училиште во село Возарци.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.

Културни и природни знаменитости

300п|мини|десно|Црквата „Св. Спас“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 148, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Варвара — населба од римското време; Градиште — утврдување од доцноантичкото време; Илимски Гробишта — некропола од римското време; Манастириште — средновековна црква и некропола; Стена — средновековна црква.

Цркви Црква „Св. Спас“ — главната селска црква Црква „Св. Никола“ (Маркова Црква) — пештерна црква Црква „Св. Илија“ — новоизградена црква во летниковската месност Голеш

Редовни настани

Спасовден — селска слава

Иселеништво

Од селото се иселиле Соколовци (1 к.) во САД во 1906 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци Категорија:Раселени села во Македонија Категорија:Села со слава Спасовден во Македонија