Капитализам е економски систем кој се заснова на приватната сопственост на средствата за производство, со цел за да се прави профит. Централните елементи на капитализмот вклучуваат акумулација на капиталот, конкурентни пазари и систем на цени. Меѓутоа, постојат неколку варијанти на капитализмот, вклучувајќи ги лезеферот, социјалниот и државниот капитализам. Капитализмот се смета дека се применувал во различни историски случаи, кои се разликуваат во времето, географијата, политиката и културата. Постои општа согласност дека капитализмот станал доминантен во Западниот свет по крајот на феудализмот. Економистите, политичките економисти и историчарите имаат различни гледишта во нивните анализи за капитализмот. Економистите за лезефер го нагласуваат степенот до кој владата нема контрола врз пазарите и важноста на имотните права. Другите ја нагласуваат потребата од владина регулација, за да се спречи појавата на монополи како и за ублажување на ефектите за време на експанзија и пад. Повеќето политички економисти, исто така, ја истакнуваат и приватната сопственост, како и односите на власт, наемната работна сила, класата и уникатноста на капитализмот како историска формација. Степенот до кој различни пазари се слободни, како и правилата за дефинирање на приватната сопственост, се предмет на политиката и стратегијата. Многу држави имаат таканаречени мешани економии, кои се осврнуваат на економски систем со различен степен на планирани елементи кои се управувани од пазарот.
Застапниците на капитализмот користат историски преседан за да тврдат дека, капитализмот е најголемиот систем за производство на изобилие кој му е познат на човекот и дека неговите благодети се главно за обичниот човек. Критичарите на капитализмот го поврзуваат со економска нестабилност и со неговата неспособност да обезбеди добросостојба за сите луѓе.
Терминот капитализам, во својата современа смисла, доаѓа од делата на Карл Маркс. Во 20 век, бранителите на капиталистичкиот систем често го заменуваат терминот капитализам со изрази како што се слободно претприемништво и терминот капитализам со инвеститор или рентиер, како реакција на негативните конотации што некогаш се поврзани со капитализмот.
Економски елементи Постојат голем број на различни елементи во капиталистичкиот, социо-економски систем. Капитализмот е дефиниран како социјален и економски систем, каде што капиталните средства главно се во сопственост и се контролирани од страна на приватни лица, каде што трудот се купува за плата, растат капиталните добивки на приватните сопственици а механизмот на цената се користи за да ги алоцира капиталните стоки помеѓу нивните намени. Степенот до кој ќе се користи механизмот на цената, степенот на конкурентност и владината интервенција во пазарите, прави разлика помеѓу различните форми на капитализмот.
Постојат различни варијации на капитализмот кој има различни со пазарите и државата. Во формите на капитализмот, како што се слободниот пазар и лезеферот,пазарите се употребуваат најопширно и со минимална или без никаква регулатива во текот на формирањето на цените.Постојат различни варијации на капитализмот кој има различни со пазарите и државата. Во формите на капитализмот, како што се слободниот пазар и лезеферот, пазарите се употребуваат најопширно и со минимална или без никаква регулатива во текот на механизмот на вреднување. Во интервенционистичките и мешаните економии, пазарите продолжуваат да имаат доминантна улога,но до одреден степен се регулирани од страна на владата, со цел да се поправат неуспесите на пазарот, да се промовира социјалната заштита, да се зачуваат природните ресурси како и одбраната на фондот и јавната безбедност. Во државните капиталистички системи, пазарите се најмалку зависни, додека државата за да акумулира капитал,во голема мера се потпира на претпријатијата во државна сопственост или на посредното економско планирање.
Капитализмот и капиталистичката економија генерално се сметаат за спротивно од социјализмот, кој се разликува од сите форми на капитализмот на следниве начини: државна сопственост на средствата за призводство, каде што средствата за производство се враќаат и во целина се акумулираат во оштеството и директно производство на стоки и услуги за нивна корист (спротивно од тоа да се произведуваат од страна на бизнисите кои сакаат профит).
Пари, капитал и акумулација Парите,првенствено биле стандардизиран медиум за размена и крајно средство за плаќање, кој служи за мерење на вредноста на сите стоки и производи во стандардна вредност. Тие се апстракција на економската вредност и средство за размена, којшто го елиминира неефикасниот систем на трговија,со одвојување на трансакциите вклучени во размената на производите, со што во голема мера се унапредува специјализацијата и трговијата, преку поттикнување на размената на производи. Капитализмот вклучува дополнителна апстракција на парите во други разменливи средства и акумулацијата на пари преку сопственост, размена, камата и разни други финансиски инструменти. Капиталот во оваа смисла се однесува на парите коишто се користат за да се купи нешто, со цел да се продаде повторно и да се оствари финансиски профит. Акумулацијата на капитал се однесува на процесот на “правење пари”, или зголемување на почетната сума на пари преку инвестирање во производство. Капитализмот се заснова околу акумулацијата на капиталот, каде финансискиот капитал е инвестиран со цел да се оствари профит и потоа да се реинвестира во понатамошно производство во континуиран процес на акумулација. Во марксистичката економска теорија, оваа динамика се нарекува законот на вредноста.
Капитал и финансиски пазари Дефинирачката одлика на капиталистчките пазари,во споредба со пазарите и размената во пред-капиталистичките општества, како феудализмот, е постоењето на пазар за капитални стоки (средствата за производство), што значи постоење на размена на односи (деловни односи) во рамките на производствениот процес. Покрај тоа капитализмот го истакнува пазарот на трудот.
Ова го издвојува капиталистичкиот пазар од пред-капиталистичките општества,кои генерално го содржат само пазарот на размена за крајните и секундарните стоки. “Пазарот” во капитализмот се однесува на капиталните и финансиските пазари. Капитализмот е систем на зголемување, штедење и трошење на збир на монетарна вредност во одреден пазар. Постојат три главни пазари во основната капиталистичка економија: на трудот, на стоки и услуги и финансиски. Пазарите на трудот (луѓето) ги прават производите и се платени од пазарот на стоки и услуги (компании, фирми или корпорации, итн.)кои потоа ги продаваат производите назад на работниците. Меѓутоа, и двата од првите два пазара, плаќаат и добиваат бенефиции од финансискиот пазар, кој е задолжен и ги регулира актуелните пари во економскиот систем. Ова ги вклучува банките, кредитните здруженија, берзите,итн. Од монетарната гледна точка, владите контролираат само колку пари има во опсег низ светот, кое може да игра улога, на кој начин се трошат парите во сопствената земја.
Поимот капитализам генерално не се користи од страна на поддржувачите на конвенционалната економија. Поимот ”работници” ги вклучува оние кои во производството ја користат и работната рака и интелектуалноста,каде производството не значи само физичко производство, туку се однесува и на произвоството и на материјална и нематеријална економска вредност. ”Капиталистите” се поедници кои остваруваат приход од инвестиции. Работната рака ги вклучува сите физички и ментални човечки средства, вклучувајќи го и претприемачкиот капацитет и вештините за управување,коишто се потребни за да се произведат производи и услуги. Производството е процесот на произведување на стоки и услуги со примена на работна сила.
Макроекономија Макроекономијата се однесува на работи како што е инфлацијата: стапката на која со текот на времето парите ја губат својата вредност; раст: колку пари има една влада и колку брзо таа ги зголемува парите; невработеност, и стапката на трговија помеѓу другите земји. Додека микроекономијата се занимава со поединечни фирми, луѓе и други институции кои работат во рамките на дадени правила, за да ги балансираат цените и работењето на една единствена влада.
И микро и макроекономијата работат заедно за да формираат еден збир на развојни правила и прописи.Владите (макроекономската страна) ги поставуваат и државните и меѓународните прописи, кои ги следат цените и корпорациите (микроекономија) стапките на раст и трговија, додека корпорациите влијаат врз тоа што се поставени федералните закони.
Видови на капитализам Постојат многу варијанти на капитализам, кои се разлкикуваат според државата и регионот. Тие се разликуваат во нивното институционално надополнување и во нивните економски политики. Заедничка одлика на сите различни форми на капитализмот е тоа што тие се засновани на производството на стоки и услуги за профит, претежно распределба на средствата според пазарот и тие се структурирани според акумулацијата на капиталот. Најглавните форми на капитализмот се наведени подолу:
Меркантилизам Главни статии: Мерканитилизам и Протекционизам
Меркантилизмот е националистичка форма на ран капитализам кој постои приближно од доцниот 16 век. Се одликува со испреплетување на националните бизнис интереси со државните интереси и империјализмот и следствено на тоа, државниот апарат се користи за да се унапредат национално,економските интереси во странство. Пример за ова се колонистите кои живеат во Америка, на кои им било дозволено само да тргуваат и да купуваат стоки од нивните матични земји (Велика Британија, Франција, итн.). Меркантилизмот смета дека богатството на една нација се зголемува преку позитивниот баланс на трговија со другите народи и одговара на фазата на капиталистички развот, наречен Примитивна акумулација на капитал.
Слободен пазар на капитализам Погледнете исто така: Слободен пазар и лезефер
Слободниот пазар на капитализмот се однесува на економски ситем каде цените за стоките и услугите се формирани слободни од силата на понудата и побарувачката и дозволено им е да ја постигнат точката на рамнотежа, без интервенција од страна на владината политика. Тоа обично вклучува поддршка за високо конкурентните пазари, приватната сопственост на производните претпријатија. Лезеферот е поопширна форма на слободниот пазар на капитализам, каде улогата на државата е ограничена со штитењето на имотните права.
Социјално-пазарна економија Главни статии: Социјален пазар и нордиски модел
Социјална-пазарна економија е номинален, слободен пазарен систем, каде владината интервенција во формирање на цените е сведена на минимун, но државата обезбедува значителни услуги во областа на социјалната безбедност, бенефиции за невработеност и признавање на правата на работен однос, преку национални,колективни,преговарачки договори.
Овој модел е познат во западните и северноевропските земји, иако со малку различни структури. Огромното мнозинство на препријатија, во овој економски модел,се во приватна сопственост. Рајнскиот капитализам се однесува на современиот модел на капитализам и е адаптација на моделот на социјален пазар, кој постои денес во континентална,западна Европа.
Државен капитализам Главна статија: Државен капитализам
Државниот капитализам се состои од државната сопственост на средствата за произвоство во рамките на една држава и организацијата на дравните прептријатија како комерцијални, бизниси кои бараат профит. Дебатата помеѓу поборниците за приватен наспроти државен капитализам, е фокусирана околку прашањата за менаџерска ефикасност, продуктивна ефикасност и рамноправна распределба на богатство.