Африка — втор континент по големина во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминуваат и екваторот и двата повратници. Африка зазима 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и растителноста на најтоплиот континент варираат од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.Sayre, April Pulley. (1999) Africa, Twenty-First Century Books. ISBN 0-7613-1367-2. Со 30,2 милиони , вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со милијарда луѓе распоредни во 61 држава, таа вбројува околу 14,72% од светското население. Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко. Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколиките мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години. Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година.

Потекло на поимот Афри било името на неколку семитски луѓе кои биле населени во Северна Африка близу Картагина (денешен Tунис). Нивното име се поврзува со феникиското афар, што значи „прашина“, но хипотезата од 1981 тврдела дека името произлегува од берберскиот збор ифри или Ифран, што значи „пештера“, упатувајќи на луѓе кои живеат во пештера. Африка или Ифри или Афер е име на Бану Ифран од Алжир и Триполитаниа (племето Берберi од Јафран). Под римското владеење, Картагина стана главен град на покраината Африка, која го вклучуваше и крајбрежниот дел на денешна Либија. Римската наставка ,,-ка” значи ,,држава или земја”. Подоцнежното Муслиманско кралство Ифрикија, денешен Тунис, има сочувано форма од името. Други етимолошки претпоставки за старото име ‘’Африка”: Во I век еврејскиот историчар Флавиус Јосиф (Flavius Josephus) тврди дека името потекнува од Ефер (Epher), внукот на Абрахам, според Мојсеева 25:4, чии потомци, тврди тој, ја окупирале Либија. Исидор од Севиља (Isidore de Seville) го споменал латинскиот збор aprica (‘’сончево”) во Etymologiae XIV.5.2. Грчкиот збор aphrike значи ‘’без студ”. Ова го предложи историчарот Лео Африканус (Leo Africanus) (1488-1554), што укажува на грчкиот збор phrike (што значи ‘’студ и ужас”), кој заедно со привативниата претставка ‘’а-” укажуваат на земја ослободена од студ и ужас. Меси (Massey) во 1881, пазви етимологија од египетското af-rui-ka, ‘’да се свртиш кон отворањето на Ка”. Ка претставува енергичен двојник на секоја личност и ‘’отворање на Ка” се однесува на матка или родно место. Според Еѓипќаните, Африка ќе биде ‘’родното место”. Michele Fruyt во Revue de Philologie 50,1976:221-238, разви друга претпоставка, поврзувајќи го латинскиот збор со africus ‘’јужен ветер”, кој има Умбриско потекло и оригинално значи ‘’дождлив ветер”. Ирското женско име Aifric понекогаш се англизира како Africa, но не се однесува на геонимот.

Историја мини|десно|300п|Карта на претколонијалните култури на Африка (~ 500 п.н.е. - 1500 н.е.) Палеолит На почетокот на Мезозоикот, Африка била поврзана со други континенти на Земјата во Пангеја. Африка ја делела релативно едноличната фауна на суперконтинентот, во која кон крајот на тријасот доминираа и примитивни гуштероноги и ѕвероноги. Фосили од доцнежниот тријас се најдени на територијата на цела Африка, но повеќе се вообичаени за јужниот дел, отколку за северниот. Граничната распределба помеѓу тријасот и јурата ја означува почетокот на изумирањето, иако африканските слоеви од овој период не се темелно проучени. Раните слоеви на јура започнале на сличен начин во коритата на тријасот, со повообичаени видови во јужните делови и помалку вообичаени фосилни корита кои преовладуваат во северниот дел. Во текот на Јурата, во Африка се размножуваа поголеми и иконски групи на диносауруси, како sauropods и ornithopods. Средните слоеви на јурата во Африка не се добро претставени и проучувани. Доцнежните слоеви на Јура се исто така сиромашно претставени, освен спектакуларната фауна Тендагуру во Танзанија. Оваа фауна е многу слична со онаа најдена во западната Морисонската Образба на Северна Америка. Во средината на Мезозоикот, пред околу 150-160 милиони години, Мадагаскар се оддели од Африка, иако остана поврзан со Индија и Годвана. Фосилите од Мадагаскар вклучуваат абелисауруси и титаносауруси.

Подоцна во раната креда, копното на Индија и Мадагаскар се оддели од Годвана. До доцната креда, Мадагаскар и Индија трајно се одделија сè додека не го достигнаа својот современ изглед. Спротивно од Мадагаскар, копното на Африка беше стабилно за време на мезозоикот. Поктај стабилната состојба, се случиле главни промени во неговиот однос со другите копна, како што продолжиле да се распарчуваат остатоците од Пангеја. До почетокот на доцната креда, Јужна Америка се одвоила од Африка, задржувајќи ја јужната половина на Атлантскиот Океан. Овој настан ја променил океанската струја и имал длабок ефект брз глобалната клима. За време на кредата, во Африка се населиле allosauroids и spinosaurids, вклучувајќи ги големите познати месојадни диносауруси. Titanosaurs е значаен тревопасен вид за стариот екосистем. Кредовитите места се повообичаени од оние на јурата, но често не може да се документираат, и затоа не може да се знаат нивните точни години. Палеонтологистот Луис Јакобс, кој работел на терен во Малави, велел дека Африканските корита ‘’имаат потреба од теренска работа” и ќе дека ќе докаже дека тие се ‘’плодна земја...за откритие”.

Праисторија

Повеќето палеоантрополози сметаат дека Африка е најстарата населена територија на Земјата, со човечки видови кои потекнуваат од континентот. Во текот на средината на XX век, антрополозите откриле многу фосили и докази од човечко населување пред 7 милиони години. Се мисли дека фосилните остатоци од неколку видови на рани човеколики мајмуни се развиле во современ човек, на пример Australopithecus afarensis (датира приближно од пред 3.9-3,0 милиони години п.н.е.), Paranthropus boisei (околу 2.3-1,4 милиони години п.н.е) и Homo ergaster (околу 1,9 милиони-600.000 години п.н.е). Во праисторијата на човештвото, Африка (како сите други континенти) немала држави и била населена од групи на ловци и собирачи на плодови, на пример Кои и Сан. На крајот од Леденото Доба, околу 10.500 година п.н.е, Сахара повторно станала зелена плодна долина и африканското население од внатрешноста и крајбрежните планински предели се врати во потсахарска Африка. Сепак, поради топлата и сува клима, областа на Сахара до 5000 година п.н.е станувла посува и непријателска. Населението од областа на Сахара преминало кон долината на Нил под вториот водопад, каде што направило трајни или полутрајни населби. Се случила голема климатска промена, со што се намалиле силните постојани дождови во Централна и Источна Африка. Од тогаш преовладува сушен период во Источна Африка, но во последните 200 години и во Етиопија. Населението во Африка припитомувало говеда уште пред да се занимава со земјоделство, но истовремено ловело и собирало плодови. Се мисли дека до 6000 година п.н.е, во Северна Африка говедата веќе биле припитомени. Во областа помеѓу Сахара и Нил, луѓето припитомиле многу видови на животни, на пример магаре и мала коза со извртени рогови, која била вообичаена на територија од Алжир до Нубија. Во 4000 година п.н.е климата во Сахара со многу брзо темпо станувала се посува. Оваа климатска промена предизвикала значително намалување на водата во езерата и реките и го предизвикала создавањето на пустина. Ова, понатаму, го намалило бројот на обработлива почва во населбите и предизвикало преселби на земјоделските заедници кон тропската клима на Западна Африка. До првиот милениум п.н.е во Северна Африка била започната обработката на железо и преку Сахара се проширила до северните делови на потсахарска Африка, додека до 500 година п.н.е обработката на метал станала вообичаена во Западна Африка. До 500 година п.н.е во многу делови на Источна и Западна Африка обработката на железо била вообичаена, иако населението од другите области не почнало со обработката на железо сè до раните векови од новата ера. Во Северна Африка, Нубија и Етиопија биле ископани бакарни предмети кои датираат од околу 500 години п.н.е, и кои укажуваат дека до тоа време биле воспоставени транс-сахарски трговски мрежи.

Рани цивилизации Во 3300 година п.н.е во Северна Африка, со појавувањето на писменоста во фараонската цивилизација на древен Египет, се отвориl историски запис. Сè до 343 година п.н.е Египетската држава, која ги има едни од најстарите и долготрајни цивилизации, продолжила да влијае брз други делови, така што египетското влијание допрело длабоко до денешна Либија, северно до Крит и Ханаан и јужно до кралството Аксум и Нубија. Феникијците од Тир од северно-западниот крајбрежен дел на Африка на Картагина, основале независен центар на цивилизација со трговски врски до Феникија. Европското истражување на Африка било започнато со Старите Грци и Римјани. Во 332 година п.н.е Александар Македонски беше добредојден како ослободител во персиски окупираниот Египет. Во Египет тој ги одредил границите на Александрија, која по неговата смрт станала главен град на Птоломејската династија. Откако Римското Царство го освои Средоземното крајбрежје на Северна Африка, римјаните ја присвоија областа во својот систем. Тие направиле римска населба во денешен Тунис и на други места долж крајбрежјето. Христијанството се рашири во овие области од Палестина преку Египет, поминувајќи јужно, надвор од границите на Рим, во Нубија, и најдоцна до VI век и во Етиопија. На почетокот на VII век, новосоздадениот арапско-исламски калифат се прошири во Египет, а потоа во Северна Африка. Накратко додека локалната берберска елита беше составен дел од муслиманските арапски племиња. Кога Омајадска ,главниот град на Дамаск, влезе во осмиот век, исламскиот центар на Средоземјето се премести од Сирија во Кајраван во Северна Африка. Исламска Северна Африка стана поинаква, прерасна во центар на мистичари, ученици, правници и филозофи. За време на VIII век, Исламот се прошири до потсахарска Африка, главно преку трговија и преселба. IX-XVIII век Пред колонијализацијата Африка поседуваше повеќе од 10.000 различни држави и државни уредувања,кои се одликуваа со повеќе видови на политичка организација и владеење. Овие држави и државни уредувања вклучуваа мали семејни групи од ловци и собирачи на плодови, на пример Сан луѓето од Северна Африка, потоа поголеми групи, на пример групирањата на семејни кланови од луѓето кои го зборуваат банту-јазик во централно-јужниот дел на Африка, потоа групи составени од кланови во Рогот на Африка , големите Сахелијански кралства и независни градови-држави и кралства како оние на луѓето на Јоруба во Северна Африка и Свахили крајбрежните трговски градови во Источна Африка. До IX век од новата ера, низа од династички земји од западните предели, вклучувајќи ги Ханса земјите, се проширија долж потсахарската савана до централен Судан. Најмоќни од овие држави беа Гана,Гао и царството Канем-Борну. Во XI век Гана ослабна, но ја презема царството Мали, кое во XIII век зајакна голем дел од западниот дел на Судан.Канем го прифати Исламот во XI век.