Среден Јитланд или Средна Данска () — еден од 5-те региони во Данска, сместен во средишниот и западниот дел на државата, а во средината на островот Јитланд. Управното седиште е градот Виборг, а најголем е Орхус.
Положба и граници Среден Јитланд го опфаќа средишниот и заадниот дел на Данска и се простира повеќе на копното, а помалку на островите. Границите на регионот се: север: Северна Данска исток: протокот Категат југ: Јужна Данска запад: Северно Море
Природни услови Среден Јитланд е претежно на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со помал источен дел на повеќе мали острови. Најголем остров од нив е островот Семсе, а Анхолт е познат по положбата во рамките на протокот Категат. Западниот брег(Северно Море) исто така е разгранет, но е во вид на лагуна и крајбрежни превлаки.
И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 100 м(на северот на регионот ). Меѓутоа, тука се наоѓа и највисоката точка во државата, Мелехеј(170м). На даденото подрачје нема значајни водотеци, а постојат многу мали езера со ледничко потекло. Во крајбрежното подрачје има многу мочуришта, а поголемиот дел е под земјоделско одгледување.
Население Според последниот попис од 2010 година во регионот Среден Јитланд живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а насеението е претежно рурално, за разлика од просекот на државата.
Густина на населеност на регионот е близу 95 жит/км2, што е доста испод државниот просек (127 жит/км2). Источниот дел на копното е подобро населен отколку зпадниот дел и малите острови.
Општини во Среден Јитланд Во регионот има вкупно 19 општини и тоа: Виборг Икаст-Бранде Лемвиг Нордјурс Одер Орхус Рандерс Рингкебинг-Скјерн Самсе Силкеборг Скандерборг Скиве Струер Сидјурс Фаврсков Хеденстед Хернинг Холстебро Хорсенс
Градови во Среден Јитланд Значајни градови во Среден Јитланд се: Орхус Рандерс Хорсенс Хернинг Силкеборг Виборг (главен град) Холстербро
Поврзано Виборг Орхус
Надворешни врски
Портал на Среден Јитланд
Категорија:Региони во Данска
Категорија:Држави и територии настанати во 2007 година